← Job (29/42) → |
1. | Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече: |
2. | "О, да бев, како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме пазеше, |
3. | кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина; |
4. | како што бев во деновите на своите млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој, |
5. | кога Вседржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене, |
6. | кога патиштата мои се облеваа со кравјо масло, а горите мои лееја млеко, |
7. | кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, - |
8. | младите, кога ке ме здогледаа, се оттргнуваа, а старците стануваа и стоеја; |
9. | кнезовите се воздржуваат да говорат и ставаа прст на устата своја; |
10. | гласот на првенците замолкннуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни. |
11. | Уво, што ке ме чуеше, ме ублажуваше; око, што ке ме видеше, ме восфалуваше, |
12. | зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак. |
13. | Врз мене доа аше благословот на оној што пропа аше; на вдовичиното срце му донесував радост. |
14. | Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка, како мантија и превез. |
15. | Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот; |
16. | за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев. |
17. | На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото. |
18. | Па си велев: ‘Kе свршам во гнездото свое, и дните мои ке бидат многу - како песокта.‘ |
19. | Коренот мој беше покрај вода, росата нокеваше на гранките мои; |
20. | славата моја се подмладуваше, и лакот мој стануваше појак во раката моја. |
21. | Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој. |
22. | По моите зборови веке не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив. |
23. | Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд. |
24. | Се случуваше, ке им се насмевнев, - тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа. |
25. | Кога одев кај нив, седев не чело; и живеев како цар ме у војници, како утешител на оние што плачат." |
← Job (29/42) → |