← Job (28/42) → |
1. | "И така, среброто си има исходна жила, и златото - место, каде што го пречистуваат. |
2. | Железото се добива од земјата; од камен се претопува бакар. |
3. | Човекот определува предели во темнината и грижливо бара камен во мракот и во смртната сенка. |
4. | Ископуваат рудокопен извор во места, недостапни за нога, нишајки се висат далеку од лу ето. |
5. | Од земјата никнува жито, а под неа се е испревртено, како оган. |
6. | Во камењата нејзини има место за сафир, во нив има и златни зрнца. |
7. | Патеката за таму граблива птица не ја знае, јастребовото око не ја видело; |
8. | sверки мали не ја газеле, и не одле по неа лав. |
9. | Не гранит ја става човек раката своја, од дното превртува гори; |
10. | во карпи пресечува извори, и окото негово гледа се што е скапоцено; |
11. | го запира текот на реките и сокриеното го вади на видело. |
12. | Но каде се нао а мудриста, и каде е местото на разумот? |
13. | Не ја знае човекот цената нејзина, ниту се нао а по земјата на живите. |
14. | Бездната вели: - не е во мене таа: - и морето вели: - не е кај мене -. |
15. | Таа не се дава за злато и не се добива за измерено сребро; |
16. | таа не се оценува со офирско злато, ниту со скапоцен оникс, ниту со сафир; |
17. | не се споредува со неа злато и кристал; нема да ја размениш со садови од чисто злато. |
18. | А за корал и бисер нема што ни да се спомнува, зашто здобивање со мудрост чини повеке од рубини. |
19. | Со неа не се изедначува етиопскиот топаз; со чисто злато таа не се оценува. |
20. | Од каде, всушност, излегува мудроста? Каде е местото на разумот? |
21. | Сокриена е таа од очите на се што е живо и притаена е од птиците небески. |
22. | Погубноста и смртта велат: ‘со ушите свои го чувме мрморењето за неа.‘ |
23. | Бог го знае патот нејзин; Он го познава местото нејзино. |
24. | Зашто Он гледа до крајот на земјата и гледа под целото небо. |
25. | Кога Он му даваше на верерот мерка и ја наместуваше водата по мера, |
26. | кога му даваше наредби на дождот и пат на громоносната молња, |
27. | уште тогаш Он ја виде и ја објави, ја приготви и уште ја испита. |
28. | А на човекот му рече: "Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето од зло е разумот." |
← Job (28/42) → |