← Job (27/42) → |
1. | Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече: |
2. | "Жив е Бог, Кој ме лиши од студ, и Вседржителот, Кој ја огорчи душата моја, |
3. | зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои, |
4. | устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да искаже лага! |
5. | Далеку од мене да ве признаам за справедливи; додека не умрам, нема да отстапам од својата справедливост. |
6. | Цврсто ја држев правдата своја и нема да ја пуштам; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои. |
7. | Непријателот мој ке биде како безбожник, и оној што станува против мене - како беззаконик. |
8. | Зашто, каква надеж за лицемерниот, кога Бог ке ја земе, кога ке ја истргне душата негова? |
9. | Kе го чуе ли Бог викањето негово, кога ке го снајде невоља? |
10. | Kе се утешува ли тој со Вседржителот и ке Го повикува ли Бога во секое време? |
11. | Kе ви кажем што има во раката Божја; нема да сокријам што има кај Вседржителот. |
12. | Ете, сите сами видовте; па зошто толку празни зборови кажувате? |
13. | Ете, тоа е делот од Бога за беззаконикот и наследство кое насилниците го добиваат од Вседржителот. |
14. | Ако синовите негови се умножуваат за меч; потомците негови нема да се наситат со леб. |
15. | Оние што ке останат по него смртта ке ги турне во гроб, вдовиците нивни нема да плачат по нив. |
16. | Да натрупа и сребро како прав и да приготви многу облека, |
17. | тој ке приготви, но ке се облекува праведникот, а непорочниот ке го добие среброто како свој дел. |
18. | Си гради кука како молец и како чувар си прави колиба; |
19. | лиегнува да спие богат, и не станува таков; отвора очи, и не е повеке тој. |
20. | ужаси како голема вода ке го стигнат; ноке ке го грабне луња. |
21. | Kе го крене источниот ветар и виор ке го понесе, и брзо ке го однесе од местото негово. |
22. | Бог ке го допушти тоа врз него и нема да го пожали, колку и да се труди да избега од рацете Негови. |
23. | Kе заплескаат со рацете по него и ке му потсвирнат од местото негово!" |
← Job (27/42) → |