← Job (26/42) → |
1. | Одговори на тоа Јов и рече: |
2. | "Како му помогна Ти на бессилниот, како ја поддржа мишката на слабиот! |
3. | Каков совет му даде Ти на немудриот и како наполно ја објасни целата работа! |
4. | Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од Тебе? |
5. | Исполините треперат под водите, и по оние што живеат во нив. |
6. | Пеколот е откриен пред Него, и нема покривка над пеколот. |
7. | Го послал Он северот над празнината, ја закачил земјата на ништо. |
8. | Он ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора. |
9. | Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак. |
10. | Ставил црта над водната површина додека не дојде крајот на светлината и темнината. |
11. | Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова. |
12. | Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово. |
13. | Неговиот Дух му дал велелепност на небото; раката Негова ја создала змијата што ползи. |
14. | Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата мок?" |
← Job (26/42) → |