← Job (25/42) → |
1. | Проговори пак Вилдад од Сува и рече: |
2. | "Власт и страв има во Него; Он создава мир во Своите висини! |
3. | Имаат ли број Неговите војски? И врз кого не изгрева светлината Негова? |
4. | И како може човекот да биде прав пред Бога? Како да биде чист родениот од жена? |
5. | Ете, дури и месечината, и таа не е светла, и sвездите се нечисти пред очите Негови. |
6. | А камоли човекот, кој е црв, и синот човечки, кој е молец." |
← Job (25/42) → |