← Job (24/42) → |
1. | "Зошто не се сокриени од Вседржителот времињата? И оние, кои Го знаат, не ги гледаат дните Негови? |
2. | Безбожниците поместуваат ме и, ограбуваат стада и си ги пасат, |
3. | од сираците одземаат осел, од вдовица вол - за залог; |
4. | сиромаси истуркуваат по патот, сите понизени се принудени да се кријат од нив. |
5. | Ете, како диви осли во пустиња, излегуваат тие по работата своја, стануваат рано за грабеж; пустињата им дава леб за нив и за децата нивни; |
6. | жнеат по ту и ниви, и берат грозје во ту и лозја; |
7. | многу голи нокеваат без покрив и без облека на студ; |
8. | наводенети од горски дождови и, немајки прибежиште, се притискаат до карпи; |
9. | раздвојуваат сираче од градите на мајката и земаат залог од сиромав; |
10. | ги тераат да одат голи, без облека, и они што носат снопови - ги оставаат да гладуваат; |
11. | оние што маслиновиот елеј им го цедат, они што грозје во каците нивни гмечат - ги измачуваат со жед. |
12. | Во градот лу ето офкаат и душата на убиваните вика, и Бог не го забранува тоа. |
13. | Тие и се противат на светлината, не ги знаат патиштата нејзини и не одат по патеките нејзини. |
14. | На разденување станува убиецот, убива сиромав и беден, а ноке е крадец. |
15. | И окото на прељубникот чека да се стемни, велејки: ‘ничие око нема да види,‘ - и го покрива лицето свое. |
16. | Во темнината се провираат под куките, оние што дење ги забележиле; не знаат за светлина. |
17. | Утрото за нив е смртна сенка, бидејки им се позанти ужасите на смртната сенка. |
18. | Лесен е таквиот на водната површина, проклет е делот негов на земјата, и не го гледа патот кон лозјата. |
19. | Како што сушата и горештината ја голтаат снежната вода; така пеколот ги голта грешниците. |
20. | Нека го заборави утробата мајчина; нека биде храна за црвите; нека не остане помен за него; како дрво ке се крши беззаконикот; |
21. | оној кој угнетува бездетна, и на вдовица не и прави добро. |
22. | Тие и силните ги ограбуваат со својата сила; остане ли некој, нема надеж за животот свој. |
23. | Бог им дава во што да се надеваат, но Неговите очи ги гледаат нивните патишта. |
24. | Се креваат високо, - и, ете, веке ги нема; па аат и умираат, како и сите, и како врвовите на класовите се кршат. |
25. | Ако тоа не е така, - кој ке ме изобличи за лагата и кој ке ги претвори во ништо зборовите мои?" |
← Job (24/42) → |