← Job (23/42) → |
1. | Одговори Јоф и рече: |
2. | "Дури и сега зборот мој е горчлив, страдањата мои се потешки од воздишките мои. |
3. | О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов! |
4. | Би го изложил пред Него моето дело и би ја наполнил устата своја со оправдание; |
5. | ке ги дознаев зборовите, со кои Он ми говореше, ке разберев што ке ми кажеше. |
6. | Зар Он, Сесилниот, би зел да се спори со мене? О, не! Туку би ми помогнал. |
7. | Тогаш праведникот би можел да се оправда пред Него, - и јас засекогаш би се ослободил од својот Судија. |
8. | Но, ете, јас одам напред - а Него Го нема, назад се вракам - и не Го нао ам; |
9. | врши ли Он нешто на левата страна, јас не Го гледам. |
10. | Но, ако го знае патот мој, нека ме испита, - ке излезам како злато. |
11. | Ногата моја здраво се држи за патеките Негови; патиштата Негови ги пазев и не се отстранував. |
12. | Од заповедите на устата Негова не отстапував; зборовите на устата Негова ги пазев повеке отколку моите правила. |
13. | Но Он е силен; кој ке Го отстрани? Он го прави она што го сака душата Негова. |
14. | Он ке го направи она што го наумил за мене, слично на тоа во Него има многу. |
15. | Затоа јас треперам пред лицето Негово; кога мислам за тоа - се плашам од Него. |
16. | Бог ме обесхрабри, Вседржителот ме уплаши. |
17. | Зошто не сум уништен пред оваа темнина? Зошто со мрак го прекри лицето мое!" |
← Job (23/42) → |