← Job (22/42) → |
1. | Проговори тогаш Елифаз од Темна и рече: |
2. | "Зар човек може да му биде користен на Бога? Човекот сам за себеси е мудар. |
3. | Се радува ли Вседржителот затоа што си праведен? И ке има ли корист за Него, затоа што ги држиш непорочни патиштата Негови? |
4. | Зар Он, плашејки се од тебе, ке влезе во борба со тебе, ке појде ли да се суди со тебе? |
5. | Навистина, твојата злоба е голема, и беззаконијата твои крај немаат. |
6. | Навистина, ти земаше залог од браката свои за ништо и на полуголи им ги соблекуваше алиштата нивни. |
7. | На измачен од жед не му даваше вода, да се напие, а на гладен леб му откажуваше; |
8. | а на силен човек му даваше земја, и повидниот се населуваше на неа. |
9. | Вдовиците ги испракаше без ништо, и сираците ги оставаше со празни раце. |
10. | Затоа околу тебе има стапици, и неочекуваниот ужас те збунува. |
11. | Темнина е околу тебе, во која ништо не гледаш и голема вода те покрива. |
12. | Бог не ли е повисоко од небесата? Погледај ги горе sвездите, колку се високо тие! |
13. | И ти велиш: ‘што знае Бог?‘ Може ли Он да суди во мрак? |
14. | Облаците се Негови завеса, така што не гледа, туку само оди по небесниот кург. |
15. | Зар ти не одиш по патот на старите, по кој оделе беззакониците, |
16. | а кои предвреме беа истребени, кога водата се беше разлеала под основите нивни? |
17. | Тие му велеа на Бога: ‘отстрани се од нас! Што ке ни направи Вседржителот?‘ |
18. | Он ги полнеше со богатство куките нивни. - Но далеку да е од мене советот на нечестивите! |
19. | Kе видат праведници и ке се радуваат, а непорочните ке им се потсмеваат. |
20. | Зар не пропадна имотот нивни, а остатокот оган го гори. |
21. | Зближи се со Него - и ке бидеш спокоен; преку тоа ке ти дојде доброто. |
22. | Прими го од устата Негова законот и стави ги зборовите Негови во срцето свое. |
23. | Ако се обрнеш кон Вседржителот, одново ке се средиш; ке го отстраниш беззаконието од шаторот свој |
24. | и ке ја фрлиш драгоценоста во прав, и по поточните камења - офирско злато. |
25. | Вседржителот ке биде за тебе помошник, ке те направи чист како блескаво сребро. |
26. | Зашто тогаш ке се радуваш за Вседржителот, ке го кренеш лицето свое кон Бога. |
27. | Kе Му се молиш, и Он ке те чуе, и ти ке ги исполниш заветите свои. |
28. | Kе наумиш нешто, и тоа ке се исполни, над твоите патишта ке свети светлина. |
29. | Кога некој ке биде понизен, ке речеш: ‘угоре!‘ и Он ке го спаси оној со наведнатото лице; |
30. | ке го спаси и виновниот; а ке го спаси преку чистотата на твоите раце." |
← Job (22/42) → |