← Job (21/42) → |
1. | Одговори Јов и рече: |
2. | "Ислушајте го внимателно зборот мој; тоа ке ми биде утеха од вас. |
3. | Потрпете ме, и јас ке говорам; а потоа, откако ке се искажам, потсмевајте се. |
4. | Зар на човек се оплакувам јас? Па како да не биде жалосен духот мој? |
5. | Погледајте ме и ужаснете се, и ставете прст на устата своја. |
6. | Само кога ке помислам, - истрпнувам, и трепет го обзема телото мое. |
7. | Зошто беззакониците живеат, достигнуваат старост, и собираат богатство? |
8. | Децата нивни се со нив пред лицето нивно, и внуците им се пред очите нивни. |
9. | Куките им се во мир и без страв, и жезалот Божји не е врз нив. |
10. | Бикот нивни оплодува и не пропушта, кравата нивна зачнува и не пометнува. |
11. | Ги пуштаа малите свои како стадо, и децата нивни скокаат. |
12. | Подвикнуваат при тимпани и гусли и се веселат со свирки; |
13. | ги поминуваат деновите во добро и во еден миг слегнуваат во гроб. |
14. | А ме утоа, Му велат на Бога: - "Отстрани се од нас, не сакаме да знаеме за Твоите патишта! |
15. | Што е Вседржителот, та да му служиме? И каква полза има да прибегнуваме кон Него?" |
16. | Гледаш, доброто нивно не е од нивните раце. - Но далеку е од мене советот на нечестивите! |
17. | Често згаснува светилката кај беззакониците и ги сполетува зло, а Он во гневот Свој ги даруа со страдања? |
18. | Тие треба да бидат како сламка пред ветар и како плева, завеана од виор. |
19. | Kе речеш: "Бог го чува злото негово за неговите деца. - Нека му воздаде Он на него самиот, за да го знае тој тоа. |
20. | Нека очите негови го видат злото негово; и сам нека пие од гневот на Вседржителот. |
21. | Зашто, што му е грижа за домот негов, кога бројот на месеците негови ке се сврши? |
22. | Но Бога ли ке Го учиме на мудрост кога им суди на горните? |
23. | Еден умира во најголема сила своја, сосема спокоен и мирен; |
24. | внатрешнината му е полна со маст, и коските му се напоени со мозок. |
25. | Друг, пак, умира со огорчена душа, без да вкуси добро. |
26. | И еден до друг лежат во земјата и црви ги покриваат. |
27. | Ги знам вашите мисли и судови, што ги кроите против мене. |
28. | Вие велите: ‘каде е кнезовиот дом, каде е шаторот, во кој живеат беззакониците?‘ |
29. | Зар не сте ги распрашувале патниците и не сте запознаени ли со нивните забележувања, |
30. | дека во денот на смртта безбожникот бива поштеден; во денот на гневот се одведува настрана? |
31. | Кој ке му го прекори пред лицето негово неговиот пат, и кој ке му врати за она што го вршел тој? |
32. | Го спроведуваат до гробиштата и во гробот свој останува тој. |
33. | Лесни се за него земјените грутки; по него одат многу лу е, а оние што отишле пред него број немаат. |
34. | Како тогаш сакате да ме утешите со суета? Во одговорите ваши останува само измама." |
← Job (21/42) → |