← Job (20/42) → |
1. | Проговори Софар и рече: |
2. | "Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам. |
3. | Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ке одговори за мене. |
4. | Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, - откога е човекот поставен на земјата, |
5. | дека славата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на лицемерниот е за миг? |
6. | И до небесата да се издигне величието негово, и до облаците да се допира главата негова, - |
7. | тој засекогаш ке пропадне, како и гадотиите негови; оние што го виделе, ке кажат: - каде е тој? |
8. | Како сон ке одлета, и нема да го најдат; како нокно привидение ке исчезне. |
9. | Кое око го видело, повеке нема да го види, и местото негово повеке нема да го зебележи. |
10. | Синовите негови ке им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ке го вратат она што го ограбил |
11. | Коските негови се полни со гревови на младините негови, со него ке легнат тие во земјата. |
12. | Ако злото е слатко во устата негова, и тој го крие од јазикот свој, |
13. | го чува и не го фрла, туку го држи во устата своја, - |
14. | сепак таа храна во утробата негова, внатер во него, ке се пртвори во змиски отров. |
15. | Kе го изблуе доброто што го голтнал: Бог ке го исфрли од стомакот негов. |
16. | Змиски отров ке смука тој; јазикот на змијата ке го умртви. |
17. | Нема да види потоци и реки од мед и млеко. |
18. | Спечаленото со труд ке го врати, нема да го изеде; според имотот негов ке стане и плакањето негово; и тој нема да се зарадува. |
19. | Зашто јадеше и ги напа аше сиромасите; заграбуваше куки што не ги беше градел; |
20. | не знаеше ситост во стомакот свој, и во жедта своја ништо не штедеше. |
21. | Ништо не се откинуваше од лакомоста негова, затоа и радоста негова нема долго да потрае. |
22. | При полно изобиле, тесно ке му биде; рацете на сиромасите ке се кренат врз него. |
23. | Кога има со што да го наполни стомакот негов, Тој ке ја примени врз нега јароста на Својот гнев и ке истури како дожд врз него болести во телото негово. |
24. | Kе избега ли од железното оружје, - бакарен лак ке го прободе. |
25. | Пуштената стрела ке мине низ телото негово, ке излезе со својот болскав врв низ жолчката негова; ужасите не смртта ке се нафрлуваат врз него! |
26. | Се што е мачно и сокриено во него, ке го гори оган, од никого не раздуван; зло ке ги снајде и другите во шаторот негов. |
27. | Небото ке го открие беззаконието негово, а и земајта ке се крене против него. |
28. | Kе исчезне богатството на куката негова; се ке се растури во денот на гневот Божји. |
29. | Тоа е делот од бога за беззакониот човек и наследство, определено за него од Вседржителот!" |
← Job (20/42) → |