← Job (19/42) → |
1. | На тоа одговори Јов и рече: |
2. | "До кога ке ја мачите душата моја? До кога ке ме измачувате со зборови? |
3. | Ете, веке десетпати ме посрамувате, и не ли ви е срам да ме измачувате? |
4. | Ако сум и навистина згрешил, грешката моја останува за мене. |
5. | Ако, пак, сакате да се големеете над мене и да ме прекорувате со мојот срам, |
6. | знајте, дека Бог ме собори и со мрежата Своја ме обвитка. |
7. | Ете, јас викам: - неправда! - и никој не слуша; врескам, и суд нема. |
8. | Он ми го загради патот, и не можам да минам, и врз патеките ми спушти мрак. |
9. | Ја соблече од мене славата моја и го симна венецот од главата моја. |
10. | Од сите страни ме сосипува, и јас одам, и како дрво Он ја истргнува надежта моја. |
11. | Го разгори гневот Свој против мене и ме вбројува ме у Своите непријатели. |
12. | Војските Негови дојдоа заедно, се упатија кон мене и се сместија околу шаторот мој. |
13. | Браката мои Он ги оддалечи од мене; и оние, што ме познаваат, се отстрануваат од мене. |
14. | Ме напуштија блиските мои, ме заборавија познатите мои. |
15. | Оние што најдоа поткрепа во куката моја и слугите и слугинките мои ме сметаат за ту ; надворешен станав во нивните очи. |
16. | Го викам слугата свој, и тој не се одsива; со устата своја треба да го молам. |
17. | Воздишката моја и дотежна на жената моја, и треба да ја молам заради децата на утробата нејзина. |
18. | Дури и малите деца ме презираат; кога станам тие се подигруваат со мене. |
19. | Од мене се гнасат моите најверни пријатели, и оние, што ги сакав, - се свртија против мене. |
20. | Коските ми се залепија за кожата моја и телото мое, и јас останав со кожа само околу забите мои. |
21. | Смилувајте се, смилувајте се над мене, пријатели мои, - зашто раката Божја се допре до мене. |
22. | Зошто ме гоните и вие како Бог, и со телото мое не можете да се наситите! |
23. | О, да беа зборовите мои напишани! да беа ставени на книга! |
24. | Со железно длето и со олово, - да беа на вечни времиња врз камен издлабени! |
25. | Но јас знам, Искупителот мој е жив, и Он во последниот ден ке ја крене мојата гнилежна кожа. |
26. | И јас во телото мое ке го видам Бога. |
27. | Јас сам ке го видам; моите очи, не очите на друг, ке Го видат. Срцето ми се топи во градите мои! |
28. | Вам ви се допа аше да кажете: - зошто го гониме! - Како да е коренот на злото најден во мене. |
29. | Плашете со од мечот, зашто мечот се одмаздува за неправда, а знајте дека има и суд." |
← Job (19/42) → |