← Job (18/42) → |
1. | Проговори Вилдад од Сува и рече: |
2. | "Кога најпосле ке им ставиш крај на таквите зборови? Размисли се, па потоа да зборуваме. |
3. | Зошто не сметаш за неразумни животни! Зар сме животни во твоите очи? |
4. | О ти, кој во гневот свој, ја раскинуваш душата своја! Зарем заради тебе да запустее земјата и карпата да се крене од своето место? |
5. | Да, светлината кај беззаконикот ке згасне, и искрата од огнот негов нема да остане. |
6. | Светлината ке потемнее во шаторот негов, светилото негово ке згасне над него. |
7. | Стапките не силата негова ке ослабеат, сопствената мисла ке го отфрли, |
8. | зашто ке падне во стапица со нозете свои, и по мрежи ке оди. |
9. | Стапицата ке ја фати ногата негова и грабач ке го улови. |
10. | Скришно се поставени за него стапици на патот, по кој оди. |
11. | Ужаси од секаде го демнат и тој се метка наваму - натаму. |
12. | Од глад се истоштува силата негова, смртта е готова, близу е до него. |
13. | Kе ги испојаде деловите на телото негово, ке ги испојаде жилите негови првенецот на смртта. |
14. | Од шаторот негов ке се искорне неговата надеж; и тоа ке го одведе при царот на ужасите. |
15. | Kе се населат во шаторот негов, бидејки тој веке не е негов: живеалиштето негово ке биде посипано со сулфур. |
16. | Одоздола се сушат корените негови, одозгора ке овенат ветките негови. |
17. | Споменот за него ке изчезне од земјата, на плоштадот ке го нема името негово. |
18. | Kе го изгонат од светлина во темнина и ке го избришат од лицето на земјата. |
19. | Ни син негов, ни внук нема да има во народот негов: никој нема да остане во живеалиштата негови. |
20. | За денот негов ке се ужасат потомците, а современиците ке бидат обземени од трепет. |
21. | Такви се живеалиштата на беззаконикот, и такво е местото на оној, кој не знае за Бога." |
← Job (18/42) → |