← Job (17/42) → |
1. | "Дишењето ми ослабна; дните мои гаснат; гробишта има пред мене. |
2. | Да не беше нивниот потсмев, тогаш и покрај нивните приговори окото мое ке беше спокојно. |
3. | Заштити ме, заложи се Сам за мене пред Себе! Инаку, кој ке се заложи за мене? |
4. | Зашто Ти го затвори срцето нивно за да не можат да разбираат, и затоа нема да им дозволиш да ликуваат. |
5. | Кој им го дели на пријателите свои имотот свој, на неговите деца очите им истечуваат. |
6. | Он ме прави приказ кај лу ето и секој може в лице да ми плукне. |
7. | Окото мое од тага ми потемне, а рацете и нозете од слабост ми треперат. |
8. | Праведните ке се зачудат на тоа и невините ке негодуваат против беззакониците. |
9. | Но праведникот ке се држи цврсто за својот пат, и чистиот во рацете се повеке и повеке ке се зацврстува. |
10. | Вратете се сите вие и одете си; нема да најдам мудар ме у вас. |
11. | Дните мои изминаа; мислите мои - тежина на срцето мое - се разбиени. |
12. | Во нокта најцрна нов ден се приближува, се приближува сетлината што темнината ја гони. |
13. | А мојата надеж е да појдам во гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја; |
14. | на гробот ке му речам: ти си ми татко, а на црвот - ти си мајка и сестра. |
15. | Каде е надежта моја? И кој некогаш ке го види доброто што го очекувам? |
16. | Kе слезе таа во пеколот и заедно во правот ке почива со мене." |
← Job (17/42) → |