← Job (16/42) → |
1. | Одговори Јов и рече: |
2. | "Јас сум слушал многу такви работи; немили утешители сте сите вие! |
3. | Kе имаат ли крај празните зборови? И што те поттикнало да ми говориш така? |
4. | И јас можев да зборува исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас; |
5. | би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве утешувал. |
6. | Ако говорам, скрбта моја не се сталожува; ако замолчам, зар ке ми одмине? |
7. | Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад. |
8. | Ти ме покри со брчки, за сведоштво против мене; мојата изнуреност се крева против мене, в лице ме прекорува. |
9. | Гневот негов се измачува и непријателствува против мене, ми скрца со забите; непријателот ги впива очите во мене. |
10. | Ја отвориле устата против мене; навредувајки ме удираат по усните; сите направиле заговор против мене. |
11. | Бог ме предаде на беззаконите и ме предаде во рацете на нечестивите. |
12. | Си бев спокоен, но Тој ме потресе; ме фати за вратот, ме затересе и ме постави за цел на Себеси. |
13. | Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жолчката моја, |
14. | пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец. |
15. | Врекиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја. |
16. | Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка, |
17. | Во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста. |
18. | Земјо! Не криј ја крвта моја, та за мојот повик да нема место. |
19. | И сега, ете, на небото сведок имам, Застапникот ми е во висините! |
20. | Нека ја прими молитвата моја Господ и нека солзи окото мое пред Него. |
21. | О, да можеше човек да се бори со Бога, како синот човечки со својот ближен! |
22. | Зашто крајот на годините мои ми доа а; на пат без вракање треба да појдам." |
← Job (16/42) → |