← Job (15/42) → |
1. | Проговори Елифаз од Темна и рече: |
2. | "Kе одговара ли мудриот со празни знаења и ке го полни ли стомакот свој со врел ветар? |
3. | Kе се оправдува ли со бескорисни зборови, и со зборови, што немаат никаква сила? |
4. | Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш. |
5. | Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите. |
6. | Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе. |
7. | Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден? |
8. | Зарем си ги слушал тајните Божји и за се мудрост си придобил? |
9. | Што знаеш ти, што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас? |
10. | Ме у нас има и седокоси, и старци, коишто според деновите го надминуваат татко ти. |
11. | Зар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови? |
12. | Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш? |
13. | Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови? |
14. | Што е жив човек, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен? |
15. | Ете, Он и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи: |
16. | толку повеке е нечист и разтлеен човекот, којшто го пие беззаконието како вода. |
17. | Јас ке ти говорам, слушај ме; ке ти раскажам она што сум видел, |
18. | што го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои, |
19. | на кои им била дадена оваа земја, каде ту инец никогаш не стапнал. |
20. | Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот; |
21. | звук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, погубникот налетува на него. |
22. | Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч. |
23. | За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт. |
24. | Го плаши нуждата и теснотијата; го надвива; како цар, готов за бој, |
25. | затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Вседржителот, |
26. | се спиштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови; |
27. | затоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои. |
28. | И тој се населува во разурнати градови, во куки, каде што не се живее; и што приготвил за себе други ке однесат. |
29. | Тој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ке се рашири по земјата. |
30. | Нема да избега од темнината; пламен ке ги исуши ветките негови, и со дување пламен од уста ке изчезне. |
31. | Заблудениот нека не и се доверува на суетата, затоа што суетата ке биде и платата негова. |
32. | Тој предвреме ке умре, и ветките негови никогаш нема да се зеленеат. |
33. | Kе го фрли тој како лоза неузреаното грозје свое, како маслинка ке го истресе цветот свој. |
34. | Така ке опустее домот на нечестивиот, и оган ке ги голтне шаторите на поткупништвото. |
35. | Тој зачна зло и роди лага, во утробата негова подготвува измама." |
← Job (15/42) → |