← Job (14/42) → |
1. | "Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од невољи: |
2. | како цвеке никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира. |
3. | И врз него ли ги отвораш Ти очите Свои, и пред Себе на суд го водиш? |
4. | Кој ке се роди чист од нечист? Ниеден. |
5. | Па кога дните му се определени, кога бројот на месеците од Тебе зависи, ако си му определил ме а, преку која не може да мине, |
6. | тогаш оддалечи се од него: нека си здивне додека како наемник не го заврши денот свој. |
7. | За дрвото сепак има надеж, дека тоа, макар и да биде пресечено, пак ке оживее, фиданки од него непрестајно избиваат, |
8. | макар и да е остарен коренот негов во земјата, и пенушката да му замрела во прав, |
9. | но, штом ке осети вода, тоа дава младици и пушта фиданки, како да е одново посадено. |
10. | А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој? |
11. | Истечуваат водите од морето, и реката секнува и пресушува: |
12. | така човекот ке легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да се разбуди и нема да се разбуди од својот сон. |
13. | О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине гневот Твој, да беше ми одредил рок и после да си спомнеше за мене! |
14. | Кога ке умре човек ке живее ли пак? Во сите денови на одреденото време би чекал додека ми дојде смената. |
15. | Ти би викнал, и јас би Ти дал одговор, и Ти би покажал благоволение кон созданието на Твоите раце; |
16. | а сега ги броиш стапките мои и го демнеш секој мој грев; |
17. | во свиок го запечати беззаконието мое, и секоја вина моја ја запиша. |
18. | Но планината па ајки се руши, и карпата се поместува од местото свое; |
19. | водата ги излижува камењата; сливот го одвлекува земниот прав: така ја унишутваш Ти и надежта на човекот. |
20. | Го притискаш докрај, и тој заминува; го менуваш лицето негово и го испракаш. |
21. | На почит ли се децата негови - тој не знае; унижени ли се - тој не забележува; |
22. | но плотта на него боледува, и душата во него страда." |
← Job (14/42) → |