← Job (13/42) → |
1. | Ете, сета тоа окото мое го виде, увото мое го чу и го забележав за себеси. |
2. | Колку што знаете вие, знам и јас; не сум подолу од вас. |
3. | Но јас кон Вседржителот би сакал да говорам, би сакал со Бога да се соочам. |
4. | А вие сте ковачи на лаги; сите вие сте бескорисни лекари. |
5. | О, само да бевте молчеле! Тоа би ви се сметало за мудрост. |
6. | Ислушајте ги моите расудувања и проникнете во изразот на устата моја. |
7. | Требаше ли да говорите заради Бога неправда и заради Него да говорите лага? |
8. | Требаше ли да бидете лицепријатни кон Него и за Бога така да се препирате? |
9. | Добри ли ке биде, Он да ве испитува? Kе Го измамите ли како што го измамуваат човекот? |
10. | Он строго ке ве казни, иако скришно лицемерите. |
11. | Зар големината Негова не ве плаши, и страв од Него не ве обзема ли? |
12. | Вашите забелешки прилегаат на пепел; вашата одбрана е глинена ограда. |
13. | Молкнете пред мене, а јас ке говорам, што и да ме снајде. |
14. | Зар јас самиот да си го раскинувам со забите телото свое? И душата своја да си ја ставам в рака? |
15. | Ете, Он може да ме убие, но јас ке се надевам; би сакал само однесувањето мое пред лицето Негово да го оправдам. |
16. | И тоа ми е веке за спасение, бидејки безбожник нема да се јави пред лицето Негово. |
17. | Ислушајте ги внимателно зборивите мои и објасненијата мои со ушите ваши. |
18. | Ете, започнав судска постапка; знам дека ке бидам прав. |
19. | Кој има сила да ме надвие? Потоа ке молкнам и ке го испуштам духот. |
20. | Само две работи не прави со мене, и тогаш јас нема да се кријам од Твоето лице; |
21. | тргни ја од мене раката Своја, и Твојот ужас да не ме потресува. |
22. | Тогаш прашувај ме, и јас ке одговарам; или јас да прашувам, а Ти да одговараш. |
23. | Колку се пороците и гревовите мои? Покажи ми го беззаконието мое и гревот мој. |
24. | Зошто го криеш сега лицето Свое од мене и ме сметаш за Твој непријател? |
25. | Зошто со страв го мачиш од ветрот скинатиот лист, зошто ја гониш сувата сламка? |
26. | Зошто пишуваш против мене горчливи пресуди и ми ги сметаш гревовите на младоста моја, |
27. | ги тураш во клада нозете мои и ги демнеш сите мои патишта, - ги испитуваш трагите на нозете мои? |
28. | Животот мој како изгниено дрво се распа а, како облека од молци изедена." |
← Job (13/42) → |