← Job (12/42) → |
1. | Пак одговори Јов и рече: |
2. | "Само вие ли сте лу е, и со вас ли ке исчезне мудроста! |
3. | И јас знам да мислам како вас; и во ништо не сум подолен од вас; и кој не го знае истото тоа? |
4. | за потсмев станав јас на пријателот свој, јас што го повикував Бога, и Кој ми одговараше, - за потсмев е - праведниот и непорочниот човек. |
5. | Несрекниот треба да се презира - тие мислат, да се удира по оној, чии нозе се сопнуваат. |
6. | Спокојни се шаторите на крадците и безопасни на оние што Го гневат Бога, ним Бог им дава се. |
7. | Но, прашај го добитокот, и ке те научи; запрашај ја небеската птица, и ке ти објасни. |
8. | Гуштерите ке те поучат, ке ти кажат и морските риби. |
9. | Кое од сите созданије не знае, дека раката на Господа го создала? |
10. | Но Неговата рака е душата на се што е живо и духот на секоја човечка плот. |
11. | Нели увото ги разбира зборовите, и нели јазикот го распознава вкусот на храната? |
12. | Кај старците има мудрост, а кај долговечните - разум. |
13. | Но во Него има мудрост и сила, Негови се решението и разумот. |
14. | Она што Он ке разурне, нема да се изгради: кого Он ке заговори, нема да се ослободи. |
15. | Да ги запре водите, и се ке се исуши; да ги пушти, и земјата ке ја разрушат. |
16. | Во Него е силата и сета мудрост, пред Него е оној, што е заблуден, и оној што воведува во заблуда. |
17. | Он ги приведува советниците во необмисленот и ги прави судиите безумни. |
18. | Он ги лушува царевите од власт и го врзува со јаже крстот нивни; |
19. | на кнезовите им го одзема достоинството и силните ги кутнува; |
20. | им го одзема јазикот на гордите и ги лишува од разум старците; |
21. | ги покрива со срам славните и јас ослабнува силата на мокните: |
22. | ја открива темнината во длабините и ја вади на видело смртната сенка; |
23. | ги издигнува народите и ги истребува; ги распрснува и ги собира; |
24. | им го одзема умот на кнезовите земни и ги упатува на безпатна пустиња: |
25. | со пипање одат тие по темнина, без светило, и скитаа како пијани. |
← Job (12/42) → |