← Job (11/42) → |
1. | Потоа проговори Софар од Нам и рече: |
2. | "Зар на многу зборови не може да се даде одговор, и зар многузборливиот човек е прав? |
3. | Твоето празнословие ке ги натера ли лу ето да молчат, за да се потсмевнуваш ти, та да нема кој да те засрами? |
4. | Ти рече: расудувањето ми е правилно, и јас сум чист во Твоите очи. |
5. | О, да проговореше Бог, да ја отвореше устата Своја кон тебе |
6. | и да ти ги откриеше тајните на мудроста, дека тебе ти се па а двојно повеке да понесеш! И така, знај, оти Бог за тебе предаде на заборав некои од твоите беззаконија. |
7. | Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш? Можеш ли да го достигнеш совршенството на Вседржителот? |
8. | Он е повисок од небесата, - што можеш да направиш? Подлабок е од пеколот, - што можеш да дознаеш? |
9. | Подолга од земјата е мерката Негова и поширока од морето. |
10. | Ако преиначи и затвори некого во окови и го изведе на суд, кој ке Му забрани. |
11. | Зашто Он ги знае оние што лажат и го гледа беззаконието; ке го остави ли без презир? |
12. | Но и суетниот човек се опаметува; дивото осле на узда се покорува. |
13. | Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него, |
14. | ако порокот од раката своја го отфрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори, |
15. | тогаш ке го кренеш неизвалканото лице свое, ке бидеш цврст и нема да се плашиш. |
16. | Тогаш ке ја заборавиш тагата: како за истечена вода ке се секаваш за нив. |
17. | И животот твој ке почне појасно од пладне; како утро ке светнеш. |
18. | Во надежта своја ке бидеш спокоен, ограден, ке почиваш во мир. |
19. | Kе легнеш и не ке има кој да те заплашува; мнозина ке ти се умилкуваат. |
20. | А очите на беззакониците ке изгаснат, прибежиштето нивно ке пропадне, а надежта нивна ке биде исчезнувањето." |
← Job (11/42) → |