← Job (10/42) → |
1. | И дотегна на душата моја мојот живот; ке се предадам на тагата своја; ке говорам со горчината на душата своја. |
2. | Kе му речам на Господа: "Не ме обвинувај; кажи ми зошто се бориш со мене? |
3. | Мило ли тие е да ме измачуваш, да го презираш делото на рацете Свои, а намерите на нечесните да ги помагаш? |
4. | Зар имаш телесни очи? Гледаш ли како што гледа човек? |
5. | Зар Твоите дни се како дните на смртните, или Твоите години се како дните на човек, |
6. | та бараш порок во мене и бараш грев во мене, |
7. | макар што добро знаеш дека сум невин и дека нема кој да ме спаси од раката Твоја? |
8. | Твоите раце ме создале и ме оформиле, и Ти сега од сите страни ме поништуваш? |
9. | Сети се дека како глина си ме замешал, та пак ли во прав ке ме претвориш? |
10. | Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење? |
11. | Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна, |
12. | живот и милост ми дарува, и Твојат грижа го чуваше духот мој? |
13. | Но и тоа во срцето Свое го криеше, знам дека тоа е во Тебе, |
14. | дека, ако згрешам, Ти ке забележиш и нема да го оставиш гревот мој без казна. |
15. | Ако сум виновен, тешко ми мене! Ако сум прав, не ке смеам да кренам глава. Од срам сум скршен, гледајки ја маката своја. |
16. | Ако се исправам, како лав ме гониш, силата Своја на мене ја покажуваш со чудеса. |
17. | Обвинувања нови подигаш против мене; го засилуваш гневот Свој против мене; со нови сили се креваш против мене. |
18. | И зошто ме изведе од утробата? Да бев умрел кога ничие око уште не ме беше видело; |
19. | о, да бев пренесен од утробата во гроб, како да ме немало! |
20. | Нели се малку деновите мои? Остави ме уште малку да се радувам, |
21. | пред да појдам на пат без вракање - во земјата на темнината и смртната сенка, |
22. | во земјата на густата темнина, каде што нема уредба, каде што светлината е слична на најцрната нок." |
← Job (10/42) → |