Job (1/42) → |
1. | Имаше еден човек во земјата Уз, по име Јов; тој човек беше непорочен, праведен, богобојазлив и го одбегнуваше злото. |
2. | И му се родија седум синови и три керки. |
3. | Имотот му беше: седум иљади овци, три иљади камили, петстотини рала волови, петсоттини ослици и мошне многу слуги; и тој човек беше најпрочуен ме у сите синови на Исток. |
4. | Синовите негови се собираа и приредуваа гозби секој во домот свој, на својот ден, а ги покануваа и трите свои сестри да јадат и да пијат со нив. |
5. | Кога завршуваа дните на гозбите, Јов ги повикуваше, та ги советуваше, и станувајки изутрина рано, принесуваше сепаленици по бројот на сите нив и едно теле за грев на душите нивни. Зашто Јов велеше: можеби синовите мои згрешиле и го навредиле Бога во срцето свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови. |
6. | Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господа; ме у нив дојде и сатаната. |
7. | И му рече Господ на сатаната: "Од каде дојде?" А сатаната му одговори на Господа и рече: "Одев по земјата и ја обиколив." |
8. | И Господ му рече на сатаната: "Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Оти на земајта нема таков како него: човек непорочен, праведен, боговојазлив и кој го одбегнува злото." |
9. | Му одговори сатаната на Господа и рече: "Зар попусто Јов е богобојазлив? |
10. | Не го огради ли Ти него и куката негова наоколу и се што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, стадата негови се шират по земјата; |
11. | но пружи ја раката Своја и допри се до се што е негово, ке Те благослови ли тогаш." |
12. | И му рече Господ на сатаната: "Еве, се што е негово, е во твоја рака; само врз него не кревај рака? - И си отиде сатаната од лицето Господово. |
13. | Еден ден синовите и керките на Јова јадеа и пиеја вино во куката на првородениот брат свој. |
14. | И ете, доа а известувач при Јова и вели: "Воловите ораа и ослиците пасеа покрај нив, |
15. | кога Савејците нападнаа и ги отераа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам." |
16. | Додека уште говореше, дојде друг и вели: "Оган Божји од небото падна, ги изгори овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам." |
17. | Додека тој говореше, дојде трет па вели: "Халдејците, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а момците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам." |
18. | И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: "Синовите и керките твои јадеа и пиеја во куката на првородениот брат свој; |
19. | ете, дувна силен ветар откај пустињата и ги зафати четирите агли на куката; куката се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам." |
20. | Тогаш Јов стана, ја раскина горната облека, ја острига главата своја и падна на земја, па се поклони |
21. | и рече: "Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ке се вратам. Господ даде, Господ го зеде; како што му беше угодно на Господа, така и станува. Нека е благословено името Господово!" |
22. | Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога. |
Job (1/42) → |