← Jeremiah (9/52) → |
1. | О, кој ке даде на главата моја вода и на очите мои - извор на солзи? Јас бев плачел ден и нок за убиените на керката на мојот народ. |
2. | О, кој би ми дал во пустињата последен престој! Би го оставил мојот народ и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, собир на престапници. |
3. | Како лак го запнуваат јазикот свој за лаги, со неправда се засилуваат на земјата; зашто минуваат од едно зло на друго и Мене не Ме поснаваат, вели Господ. |
4. | Пазете се секој од пријателот свој, и не се доверувајте никому од браката свои; зашто секој брат му става сопка на другиот, и секој пријател разнесува клевета. |
5. | Секој го лаже пријателот свој, и вистина не говорат: го научија јазикот свој да говори лага, се трудат да прават зло. |
6. | Ти живееш ме у измами, па поради измама тие откажуваат дека Ме познаваат, вели Господ. |
7. | Затоа вака вели Господ Саваот: ете, ке ги растопам и ке ги испитам; зашто, како инаку да постапам со керката на Мојот народ? |
8. | Јазикот нивни - стрела смртоносна, говори подмолно; со устата кон ближниот зборуваат пријателски, а во срцето свое му кројат примки. |
9. | Зар нема да ги посетам, вели Господ? Нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој? |
10. | На горите ке кренам плач и пискот, и по пасиштата во степите - ридание, зашто тие се изорени, така што преку нив никој не минува, ниту се слуша блеење на стада: и птиците небески и добитокот - се се распрснало и избегало. |
11. | И ке го претворам Ерусалим во купишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ке ги направам пустиња, без жители. |
12. | Има ли таков мудрец, што ке го разбере ова? И оној, кон кого говори устата Господова - да објасни, зошто загина земјата и изгоре како пустиња, така што никој не минува низ неа? |
13. | И рече Господ - поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него, |
14. | туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни. |
15. | Заради тоа вака вели Господ Саваот, Израилевиот Бог: еве, ке ги нахранам тие лу е со пелин, ке ги напојам со вода и жолчка. |
16. | и ке ги растурам ме у народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни и ке испратам по нив меч, се додека ги истреби. |
17. | Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; испратете да дојдат вешти жени за таа работа. |
18. | Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече. |
19. | Затоа што глас од плач се слуша од кај Сион: "Како не ограбија, лошо сме посрамени, бидејки ја оставаме земјата - ни ги разрушија куките." |
20. | Па така, слушајте го, жени, словото од Господа и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги керките свои на плач, и една со друга - на тажни песни. |
21. | Бидејки смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куките наши, за да ги истреби децата од улиците и младешта од плоштадите. |
22. | Речи: така вели Господ - и ке бидат фрлени труповите на лу ето како убре во поле и како снопја зад жетвари, и не ке има кој да ги собере. |
23. | Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое. |
24. | А кој се фали, нека се фали со тоа, дека Ме разбира Мене и дека знае оти Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; оти само тоа е благоугодно пред Мене, вели Господ. |
25. | Ете идат денови, вели Господ, кога ке ги посетам сите обрезани и необрезани: |
26. | Египет и Јудеја, Едома и синовите Амонови, Моава и сите кои се стрижат од страна, што живеат во пустињата; оти сите тие народи се необрезани, а сиот дом Израилев има срце необрезано. |
← Jeremiah (9/52) → |