← Jeremiah (7/52) → |
1. | Слово, што му дојде на Јеремија од Господа: |
2. | "Застани при вратата на домот Господов и објави го таму ова слово и кажи: чујте го словото Господово, сите Јудејци, што влегувате низ таа врата да му се поклонувате на Господа. |
3. | Така вели Господ Саваот, Бог Израилев: ‘исправете ги вашите патишта и вашите дела, и Јас ке ве оставам да живеете на тоа место.‘ |
4. | Не се надевајте на лажливете зборови: ‘ова е храмот Господов, храмот Господов, храмот Господов.‘ |
5. | Но ако ги исправите наполно вашите патишта и вашите дела, ако верно извршувате суд ме у човекот и ближниот негов, |
6. | ако не притеснувате другоземец, сирак и вдовица, не пролевате невина крв на тоа место и не тргнете по други богови за ваше зло, |
7. | Јас ке ве оставам да живеете на ова место, во оваа земја, што им ја дадов на татковците ваши од века до века. |
8. | Ете, вие се надевате на лажливи зборови, кои нема да ви донесат полза. |
9. | Вие крадете и убивате, вршите прељуба и се колнете криво, му кадите на Ваала и одите по други богови, кои не ги познавате, |
10. | и потоа доа ате и се исправате пред лицето Мое во овој дом, над кој е повикано името Мое, и велите: ‘спасени сме, за да ги вршите сите тие гадотии и понатаму.‘ |
11. | Не се претвори ли во вашите очи во разбојничко гнездо овој дом, над кој е повикано името Мое? Ете, Јас го видов тоа, вели Господ. |
12. | Но одете сега на Моето место во Силом, каде што порано бев одредил да почива Моето име, и видете, што направив со него поради беззаконијата на Мојот народ Израилот. |
13. | И, бидејки ги вршите сите тие работи, вели Господ, и вие не слушавте, и ве викав, а вие не одговаравте, - |
14. | затоа Јас сега ке постапам исто со овој дом, над кој е призвано Моето име, на кое вие се надевате, и со местото, што ви го дадов вам и на татковиците ваши, како што постапив со Силом. |
15. | И ке ве отфрлиам од лицето Свое, како што ги отфрлив сите ваши брака, целото семе Ефремово. |
16. | А ти, не моли се за овој народ и не вознесувај заради него молитви и молби, и не посредувај пред Мене, зашто нема да те чујам. |
17. | Не гледам ли, што прават тие во градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски? |
18. | Децата собираат дрва, а татковците палат оган, и жените месат тесто, за да прават банички за божицата на небото и да вршат преливи за други богови, за да Ме огорчуваат. |
19. | Но Мене ли Ме огорчуваат тие - вели Господ; не себеси ли - за нивни срам? |
20. | Затоа вака вели Господ Бог: ете, се излива Мојот гнев и Мојата јарост врз ова место, врз лу ето и врз добитокот, врз полските дрвја и врз земните плодови, ке се разгори и нема да угасне. |
21. | Вака вели Господ Савато, Бог Израилев: - вашите сепаленици поднесувајте ги зедно со вашите жртви и јадете го месото; |
22. | зашто Јас не им говорев на татковицте ваши и не им давав заповеди за сепаленици и жртви во тој ден, кога ги изведов од Египетската земја; |
23. | туку ова им го заповедав: ‘слушајте го Мојот глас, и Јас ке бидам ваш Бог, а вие ке бидете Мој народ, и одете по оној пат, по кој ке ви заповедам, за да ви биде добро. |
24. | Но тие не послушаа и не го наклонија увото, и живееја по желбите и по упорството на своето лошо срце, и ми свртеа грв, а не лице. |
25. | Од оној ден, кога татковицте ваши излегоа од Египетската земја, до денес ги испракав при вас слугите Свои - пророците, ги испракав секој ден од рано утро и постојано, |
26. | но тие не Мое послушаа и не го наклонија увото, туку станаа твродоглави, постапуваа полошо од татковците свои. |
27. | И кога ке им ги кажуваш сите овие зборови, тие нема да те послушаат; и кога ке ги викаш, тие нема да ти се одsиваат. |
28. | Тогаш речи им: ‘еве народ, кој не го слуша гласот на Господа, својот Бог, и не прима поука! Нема кај нив вистина, таа е одземена од устата нивна.‘ |
29. | Истрижи ја косата своја и фрли ја, и почни да плачеш по горите, зашто Господ го отфрли и го остави родот, што го навлече гневот Негов. |
30. | Зашто синовите на Јуда вршат зло пред Моите очи, вели Господ; ги поставија своите гадотии во домот, над кои е повикувано името Мое, за да го осквернат; |
31. | и изградија идолско светилиште на Тофет во долината Еномовите синови, за да ги изгоруваат во оган синовите свои и керките свои, што не сум го заповедал и кое ни на ум не Ми доа ало. |
32. | Затоа, идат дни, вели Господ, кога тоа место нема повеке да се нарекува Тофет и долина на синовите Еномови, туку крвна долина, и во Тофет ке се погребуваат поради немање на место. |
33. | И труповите на овој народ ке бидат храна на птиците небески и на sверовите земни, и ке нема кој да ги брка. |
34. | Во градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски ке го прекратам гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста; зашто таа земја ке стане пустелија. |
← Jeremiah (7/52) → |