← Jeremiah (6/52) → |
1. | Бегајте, деца Венијаминови, од Ерусалим, трубете со труба во Текоја и јавете преку оган во Вет - Акерем, зашто откај север се појавува зло и голема погибел. |
2. | Јас ја разубавив керката Сионова, прекрасна и разнежена. |
3. | Kе дојдат кај неа пастири со стадата свои, ке распнат шатори околу неа; секој ке го пасе својот дел. |
4. | Гответе против неа војна; станувајте да тргнеме на пладне. Тешко нам! Денот веке одминува, се спушаат вечерни сенки. |
5. | Станувајте да одиме и ноке, и да ги срушиме нејзините дворци! |
6. | Зашто вака вели Господ Саваот: сечете дрвја и кревајте насипи протв Ерусалим: тој град треба да се казни; во него се врши секакво насилство. |
7. | Како што од извор блика вода, така и од него блика зло: во него се слуша насилство и отимање, пред Моето лице секогаш има навреди и рани. |
8. | Вразуми се, Ерусалиме, за да не се отстрани од тебе душата Моја и да не те направам пустиња, земја ненаселена. |
9. | Вака вели Господ Саваот: докрај ке ги оберат остатоците на Израилот, како грозје; работи со раката своја, како берач на грозје, кога полни кошници. |
10. | Кому да му говорам и кого да го убедувам, за да чујат? Ете, нивното уво е необрезано, и тие не можат да слушаат; ете, словото Господово кај нив е за потсмев; тоа им е непријатно. |
11. | Поради тоа јас сум преполнет со Господова јарост, не можам да ја држам во себеси; ке ја излеам врз децата по улиците и врз собрани младинци, ке бидат земени маж со жена, старец со млад. |
12. | И куките нивни ке ги присвојат други, исто така и нивите и жените; зашто ке ја протегнам раката Своја врз жителите на таа земја, вели Господ. |
13. | Зашто од мал до голем, секој од нив се предал на лакомост, и пророк и свештеник - сите дејствуваат лажливо: |
14. | ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велијки: ‘мир! мир!‘ а мир нема. |
15. | Се срамуваат ли тие, кога вршат гадотии? Не, никако не се срамуваат и не црвенеат. Затоа ке паднат ме у паднатите, и во време на Мојата посета ке бидат соборени, вели Господ. |
16. | Вака вели Господ: - застанете на вашите патишта, разгледајте и распитајте за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ке најдете спокојство на душите свои. Но тие рекоа: нема да врвиме. |
17. | И поставив чувари над вас, и реков: ‘слушајте го звукот на трубата. Но тие рекоа: - нема да слушаме. |
18. | И така, чујте народи, и знај, собрание, што ке стане со нив. |
19. | Чуј, земјо: ете, ке испратам против овој народ погибел, плод на помислите нивни; зашто тие не ги слушаа Моите зборови и Мојот закон го отфрлија. |
20. | Зошто Ми е Ливан, што иде од Сава, и миризлива трска - од далечна земја? Вашите сепаленици не Ми се угодни, и вашите жртви не Ми се пријатни. |
21. | Затоа вака вели Господ: ‘ете, поставувам пред овој народ пречки, и ке се сопнат од нив таткото и децата заедно, соседот и неговиот пријател, и ке загинат. |
22. | Вака вели Господ: - ете, иде народ од северна земја, и голем народ се крева од земните краишта; |
23. | во рацете држат лак и копје; тие се жестоки и немилостиви, гласот нивни им бучи како море, и летаа на коњи, наредени како еден човек, за да удрат протв тебе, керко Сионова. |
24. | Чувме вест за нив, и рацете ни премалеа, скрб не обзеде, маки - како жена при ра ање. |
25. | Не излегувајте на нива и на пат не одете, зашто непријателски меч и ужас од сите страни е. |
26. | Kерко на Мојот народ, препаши се со костерт и посипи се со пепел; тагувај како за син единец - горко плачи; зашто ненадејно ке дојде врз нас погубник. |
27. | Те поставив за кула среде Мојот народ, за столб, за да знаеш да ги испитуваш нивните патишта. |
28. | Сите тие се упорни одметници, живеат со клевета; тоа се бакар и железо - сите се расипани. |
29. | Мевот изгоре; оловото се стопи од огнот; леарот топи напразно, зашто лошите не се отстранија; |
30. | ке ги наречат лажно сребро, зашто Господ ги отфрли. |
← Jeremiah (6/52) → |