← Jeremiah (52/52) |
1. | Седекија беше на двесет и една година, кога почна да царува, и царуваше во Ерусалим единаесет години; името на неговата мајка беше Хамутал, керка на Јеремија од Ливна. |
2. | И тој вршеше зло пред очите на Господа, сето она што го изврши Јоаким; |
3. | заради тоа гневот Господен се нафрли над Ерусалим и над Јуда, додека ги отфрли од лицето Свое. А Седекија се одметна од вавилонскиот цар. |
4. | И во деветтата година од царувањето негово, во десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот, дојде Навуходоносор, вавилонскиот цар, тој и сета негова војска против Ерусалим, го опседна и подигна околу него насипи. |
5. | И остана градот опсаден до единаесеттата година на царот Седекија. |
6. | Во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот, се засили гладот во градот, и народот во земјата немаше леб. |
7. | Се направи пролом во градот и сите војници избегаа од градот ноке низ портите, што се нао аа ме у двата sида до царската градина, па отидоа по патот кон пустелијата; а Халдејците беа околу градот. |
8. | Но халдејската војска изврши потера по царот, и го стигна Седекија во јерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него. |
9. | И го фатија царот и го доведоа пред вавилонскиот цар во Ривла, во земјата Емат, каде што му беше судено. |
10. | И така ги закла вавилонскиот цар синовите на Седекија пред очите негови, ги закла и сите кнезови јудејски во Ривла; |
11. | а на Седекија му ги извади очите и заповеда да го оковат во бакарни окови; па го одведе вавилонскиот цар во Вавилон и го стави во стражарницата до денот на неговата смрт. |
12. | Во петтиот месец, во десеттиот ден од месецот, тоа беше деветнаесеттата година на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде во Ерусалим Навузардан, началникот на телохранителите, кој му служеше на царот вавилонски, |
13. | и го запали домот Господен, царскиот дом и сите куки во Ерусалим, и сите големи куки со оган ги изгори. |
14. | И сета војска халдејска, која беше со началникот на телохранителите, ги урна сите sидови околу Ерусалим. |
15. | Навузардан, началникот на телохранителите, ги исели бедните и другиот народ, што беше останал во градот, и одметниците, што му се предадоа на вавилонскиот цар, и воопшто сиот прост народ. |
16. | Само неколкумина од бедните во земјата Навузардан, началникот на телохранителите, ги остави како лозари и земјоделци. |
17. | Халдејците ги испокршија и бакарните столбови, што беа во домот Господен, и подножјата, и бакарното море, кое беше во домот Господен, па го однесоа сиот бакар во Вавилон. |
18. | И ги зедоа котлите, лопатките, ножевите, чашите, лажиците и сите бакарни садови што се употребуваа при богослужбата; |
19. | началникот на телохранителите ги зеде и умивалниците и машичките и чашите и котлињата и кандилцата и секачите, се што беше од злато и што беше од сребро; |
20. | исто така, и двата столба, едно море, дванаесет бакарни волови кои служеа како подножја, што царот Соломон ги направи во домот Господен; бакарот на сите тие предмети не можеше да се процени. |
21. | Секој од тие столбови беше висок по осумнаесет лакти, а врв од дванаесет лакти ги опкружуваше, одвнатре беше шуплив, а страните му беа дебели четири прсти. |
22. | И имаше над него бакарна глава, а главата беше висока пет лакти; и мрежичката на наровите наоколу беа сите од бакар; исто така беше и другиот столб со нарови. |
23. | Наровите од сите страни беа деведесет и шест; а сите нарови околу мрежичката - сто. |
24. | Началникот на телохранителите го зеде исто така Сераија, првосвештеникот, и Софонија, вториот свештеник, и трите чувари на прагот. |
25. | А од градот зеде еден дворјанин, кој беше началник над војниците, и седум мажи, што му служеа на царот, кои се нао аа во градот, и главниот писар во војската, кој го запишуваше народот од земјата за војска, како и шеесет мажи, од народот во земјата, најдени во градот. |
26. | И ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе при вавилонскиот цар во Ривла. |
27. | И ги уби вавилонскито цар и ги погуби во Равла, во земјата Емат; и така иселен беше Јуда од земјата своја. |
28. | Еве го народот, кој Навуходоносор го исели: во седмата година - три иљади и дваесет и тројца Јудејци. |
29. | Во осумнаесеттата година на Навуходоносора од Ерусалим беа иселени осумстотини триесет и две души; |
30. | Во дваесет и третата година на Навуходоносора, Навузардан, началникот на телохранителите, иссели седумстотини четириесет и пет души Јудејци; се на се - четири иљади и шестотини души. |
31. | Во триесет и седмата година по преселувањето на јудејскиот цар Јоаким, во дванаесеттиот месец, во дваесет и петтиот ден од месецот, Евилмеродах, цар вавилонски, во првата година од своето царување, го подигна јудејскиот цар Јоаким и го изведе од затвор. |
32. | И откако пријателски си поразговараа, го постави перстолот негов повисоко до престолите на другите цареви, што беа при него во Вавилон; |
33. | и му ги смени затворските облеки, па тој секогаш со него јадеше во сите дни од животот свој. |
34. | И трошоците негови, разните потреби, му се даваа од царот секој ден до денот на неговата смрт, во текот на сите денови од неговиот живот. |
← Jeremiah (52/52) |