← Jeremiah (51/52) → |
1. | Така вели Господ: еве, Јас ке подигнам уривачки ветар против Вавилон и против Моите противници, што живеат во него; |
2. | и ке испратам против Вавилон веачи, што ке го развеат, и ке ја опустошат земјата негова, бидејки во денот на неговата беда ке нападнат врз него од сите страни; |
3. | стрелец нека оптегне лак на стрелец, и против оној, што се гордее со својот оклоп; не штедете ги младите негови, сотрете ја целата војска негова. |
4. | Удрените нека паднат на Халдејската земја и стреланите - по патиштата нејзини. |
5. | Зашто, не е оставен Израилот сам, ниту Јуда, од својот Бог, Господа Саваота, иако им е земјата полна со гревови пред Светецот Израилев. |
6. | Бегајте од Вавилон и секој нека ја спасува душата своја, за да не загине од беззаконијата негови, зашто тоа е време на одмазда за Господа: Он му отплатува како што заслужил. |
7. | Вавилон беше во раката Господова како златна чаша, што ја опиваше целата земја; народите пиеја од неа вино, и обезумуваа. |
8. | Ненадејно падна Вавилон и се скрши; плачете за него, земете балсам за раните негови, можеби тој и ке оздрави. |
9. | Го лекувавме Вавилон, но не оздраве; оставете го, и да си одиме секој во земајта своја, бидејки пресудата за него стигна до небесата и се дигна до облаците. |
10. | Господ ја изведе на видело нашата правда; да појдеме и да го соопштиме во Сион делото на нашиот Господ Бог. |
11. | Острете ги стрелите, ставете ги во торбите за нив; Господ го возбуди духот на царевите од Мидија; бидејки Он замисли нешто против Вавилон, за да го уништи, оти тоа е одмазда од Господа, одмазда за Неговото живеалиште. |
12. | На вавилонските sидови дигнете знамиња, засилете го надзорот, поставете стражи, пригответе заседи, зашто, како што замислил Господ, така и ке го направи она што го изрече против жителите вавилонски. |
13. | О, ти, што живееш покрај големите води, кој изобилуваш со ризници, дојде крајот твој, и на твојата лакомост! |
14. | Господ Саваот се заколна Сам во Себе: вистина велам, дека ке те исполнам со лу е како со скакулци, и ке подигнам повик против тебе. |
15. | Он ја создаде земјата со силата Своја, и ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата. |
16. | Според гласот Негов шумат водите небесни, и Он ги подига облаците од краиштата земни, пушта светкавици со дожд и изведува ветер од клетовите Свои. |
17. | Безумен е човекот во своето знаење, секој леар се срамува со идолите свои, зашто идолот е лага, и нема дух во него. |
18. | Тоа е чиста суета, дела на заблуда; во времето на нивната казна тие ке исчезнат. |
19. | Делот на Јакова не е како делот нивни, зашто Бог е Создателот на се, и Израил е жезал на неговото наследство, името негово е Господ Саваот. |
20. | Ти беше Мој чекан, бојно оружје; со тебе народите ги победував и со тебе царства сосипував; |
21. | со тебе поразував коњ и неговиот јавач, и со тебе поразував кола и нејзиниот возач; |
22. | со тебе сотирав маж и жена, со тебе убивав стар и млад, со тебе уништував и момче и мома; |
23. | со тебе уништував пастир и неговото стадо, со тебе го убивав земјоделецот и неговиот добиток за работа, со тебе поразував и обласни началници и градски управители. |
24. | И ке му отплатам на Вавилон и на сите жители халдејски за сето она зло, што му го направија на Сион пред очите ваши, вели Господ. |
25. | Еве, Јас сум против тебе погубна горо, вели Господ, што ја разорува целата земја; и ке ја протегнам против тебе раката Своја, ке те сметнам од карпите и ке те направам обгорена планина. |
26. | И од тебе нема да земат камен за агол, ниту камен за темели, туку ке бидеш вечна пустелија, вели Господ. |
27. | Подигнете знаме на земјата, трубете со труба ме у народите, вооружете ги против него народите, повикајте против него царства араратски, миниски и аскенаски, изберете водач против него, збоднете ги коњите како страшни скакулци. |
28. | Вооружете ги народите против него, царевите на Мидија, нејзините обласни началници и сите нејзини гладски управители и целата земја, што и е потчинета. |
29. | Земјата се тресе и потреперува, оти над Вавилон се извршуваат замислите на Господа, за да ја направи земјата Вавилонска пустиња без жители. |
30. | Вавилонските борци престанаа да се борат, седат во свите тврдини; се исцрпи силата нивна, станаа како жени, живеалиштата нивни се изгорени, резињата нивни се скршени; |
31. | гласник брза по гласник, известувач спроти известувач, за да му кажат на вавилонскиот цар дека му е градот од сите страни освоен; |
32. | и дека бродовите му се земени, а оградите изгорени со оган, и дека војниците од страв се поразени. |
33. | Оти, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: керката вавилонска е како на гумно, кога се врши на него; уште малку и ке дојде време за нејзината жетва. |
34. | Ме јадеше и ме гризеше Навуходоносор, царот вавилонски; ме направи празен сад; ме проголта како змеј; ја наполни својата утроба со сладостите мои, и ме фрли. |
35. | Неправдата над мене и над телото мое нека биде врз Вавилон, ке рече жителката Сионова, и крвта моја - врз жителите халдејски, ке рече Ерусалим. |
36. | Затоа вака вели Господ: еве, Јас ке се застапам за твоето дело и ке отплатам за тебе, па ке го пресушам морето негово и ке ги исушам каналите негови. |
37. | И Вавилон ке стане купиште на урнатини, живеалиште на шакали, за ужас и за потсмев, без жители. |
38. | Како лавови ке завиваат сите тие и како мали лавчиња ке ‘ржат. |
39. | А кога ке се загреат, ке им дадам гозба и ке ги опијам, за да се развеселат, за да заспијат со вечен сон и да не се разбудат, вели Господ. |
40. | Kе ги потерам како јаганца на клање, како овни заедно со козли. |
41. | Како се презеде Сесах, и беше победена славата на целата земја! Како стана Вавилон за ужас ме у народите! |
42. | Морето го проголта Вавилон; тој е сега покриен од брановите. |
43. | Градовите негови станаа пустиња, сува земја, пустелија, земја каде што не живее ниту еден човек и каде што не поминува син човечки. |
44. | И ке го посетам Вил во Вавилон и ке истргнам од устата негова се што проголтал, и народите нема веке да брзаат кон него, дури и sидовите вавилонски ке паднат. |
45. | Излези од него, народе Мој, и секој нека ја спасува душата своја од јаросниот гнев Господен. |
46. | Нека не ослабува срцето ваше и не бојте се од гласот, што ке се чуе по земјата; гласот ке дојде во една година и потоа во друга година, и на земјата ке се појави насилство, властодржец ке стане против властодржец. |
47. | Затоа, еве, идат денови, кога ке ги посетам идолите на Вавилон и целата негова земја ке се засрами и сите негови поразени ке паднат во него. |
48. | И ке ликуваат над Вавилон небото и земјата и се друго што е во нив; зашто од север ке му дојдат сотирачите, вели Господ. |
49. | Како што Вавилон направи да паднат на земја поразените Израилци, така во Вавилон ке бидат соборени поразените по целата земја. |
50. | Вие, кои се спасивте од меч, бегајте и не запирајте се, сетете се од далеку за Господа, и на срцето ваше нека ви дојде Ерусалим. |
51. | Ни беше срам, кога ги чувме поругите; бесчестие ги покриваше лицата наши, кога ту инци влегоа во светилиштето на домот Господен. |
52. | Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ке ги посетам идолите негови, и по целата негова земја ке офкаат ранетите. |
53. | Кога би се дигнал Вавилон и до небесата и кога високо би си ја зацврстил тврдината своја, од Мене ке му дојдат опустошителите, вели Господ. |
54. | Екот и пискот ке се подигнат од Вавилон, и рушење големо - од земјата Халдејска; |
55. | зашто Господ ке го опустоши Вавилон, и ке стави крај на неговиот горделив глас. Kе зашумат брановите кеко на големи води, ке заечи неговиот шумен глас. |
56. | Оти ке дојде врз него, врз Вавилон, опустошителот и ке бидат фатени војниците негови, ке бидат скршени лаковите негови; бидејки Господ, Бог на отплатата, ке отплати. |
57. | И ке се опијат кнезовите негови и мудреците негови, неговите обласни началници и неговите градски управители, и војниците негови, па ке заспијат со вечен сон и нема да се разбудат, вели Царот, Господ Саваот името е Негово. |
58. | Така вели Господ Саваот: дебелите sидови вавилонски ке бидат разрушени до темели, и портите негови високи ке бидат изгорени со оган; па така, залудно се трудеа народите, и племињата се грижеа за огнот. |
59. | Слово што пророк Јеремиј му го заповеда на Сераија, синот на Нирија, Масеев син, кога тој појде за Вавилон со Седекија, царот јудејски, во четвртата година од неговото царување; Сераија беше главен коморник. |
60. | Јеремиј ги запиша во една книга сите зла, што требаше да го снајдат Вавилон, сите тие зборови, што беа напишани против Вавилон. |
61. | И му рече Јеремија на Сераија: кога ке влезеш во Вавилон, тогаш погледај и прочитај ги сите овие зборови, |
62. | и кажи: Господи, Ти рече за ова место, дека ке го уништиш така, што да не остане во него ни човек, ни добиток, туку ке стане вечна пустиња. |
63. | И кога ке завршиш со читањето на оваа книга, врзи за неа камен, па фрли ја среде Ефрат, |
64. | и кажи: нека потоне Вавилон и да не се подигне од оваа беда, која Јас ке ја испратам врз него, и тие наполно нека папсаат. Довде се зборовите на Јеремија. |
← Jeremiah (51/52) → |