← Jeremiah (50/52) → |
1. | Слово што Господ го кажа преку пророкот Јеремија за Вавилон и за земјата Халдејска: |
2. | "Соопштете и разгласете ме у народите, подигнете знаме, објавете, не кријте ги, зборувајте: Вавилон падна, Вил е посрамен, Меродах е скршен, боговите негови се посрамени, идолите негови се скршени. |
3. | Зашто од север се подигна врз него народ, кој ке ја направи земјата негова пустиња, и никој нема да живее таму, и човек, и добиток, се ке се крене и ке се разотидат. |
4. | Во оние денови и во она време, вели Господ, ке дојдат синовите Израилеви, тие и синовите Јудини, заедно, ке одат, ке плачат и ке Го побараат својот Господ Бог; |
5. | ке прашаат за патот кон Сион и, свртени со лицето кон него, ке велат: одете и присоединете се кон Господа со вечен завет, кој нема да се заборави. |
6. | Народот Мој беше како загубено стадо; пастирите негови го оттргнаа од патот, па скитаа по планините; од гора на рид и го заборавија леглото свое. |
7. | Сите, што ги нао аа, ги изедуваа, и непријателите им велеа: не сме виновни, оти тие згрешиле пред Господа, пред живеалиштето на правдата, и пред Господа, надежта на татковците нивни. |
8. | Бегајте од Вавилон, заминете од земјата Халдејска и бидете како кози пред стадо од овци. |
9. | Зашто, еве, Јас ке подигнам и ке доведам врз Вавилон збир голем од народи од северната земја, и ке застанат против него, и тој ке биде преземен: стрелите негови, бидејки е искусен војник, напразно нема да се вракаат. |
10. | И Халдеја ке стане нивни плен; и оние, што ке ја опустошат, ке се наситат, вели Господ; |
11. | зашто вие, грабачи на Моето наследство, се веселевте, прославувавте, потскокнувавте од радост, како јунечки на трева, и ‘ржевте како бојни коњи. |
12. | За голем срем ке стане мајката ваша, ке црвенее онаа, што ве родила; ете, иднината на тие народи ке биде пустиња, земја сува и пустелија. |
13. | Од гневот Господен таа ке стане ненаселена и целата ке запусти; и секој, што ке мине низ Вавилон, ке се вчудовиди и ке си потсвирне, гледајки ги сите рани негови. |
14. | Наредете се во боен ред околу Вавилон, вие сите, кои затегнувате лак, стрелајте во него, не жалете ги стреилте, бидејки тој згреши против Господа. |
15. | Повикајте против него од сите страни; тој ја протегна раката; паднаа тврдините негови, испопа аа sидовите негови, зашто тоа е Господовата отплата; одмаздувајте му се; како што постапуваше тој, така постапувајте и вие со него. |
16. | Истребете во Вавилон и сеач, и оној, што работи со срп во жетва; од страв пред опасниот меч секој нека се врати при својот народ и секој нека бега во земјата своја. |
17. | Израилот е прснато стадо; го гонеа лавови; најнапред го гризеше асирскиот цар, а потоа Навуходоносор, царот вавилонски, и коските му ги здроби. |
18. | Затоа, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ке го посетам вавилонскиот цар и земјата негова, како што го посетив асирскиот цар; |
19. | и ке го вратам Израилот на неговото пасиште, и ке си пасе по Кармил и по Васан, и душата негова ке се наситува на гората Ефремова и во Галад. |
20. | Во оние дни и во она време, вели Господ, Јас ке ја побарам неправдата Израилева, и нема да ја има, и гревовите на Јуда и нема да се најдат; бидејки ке им простам на оние, што ке останат живи. |
21. | Појди против неа, против бунтовната земја и казни ги нејзините жители: пустоши и истребувај се по нив, вели Господ, и направи се што ти заповедав; |
22. | Шум голем од борба ке се крене по земјата и голем потрес. |
23. | Како се скрши и како се разби чеканот по целата земја, како ли Вавилон стана ужас ме у народите! |
24. | Јас поставив стапици за тебе, и те фатив, Вавилоне, иако не го предвиде ти тоа; ти се најде и беше фатен, зашто стана против Господа. |
25. | Господ ја отвори ризницата Своја и оттаму го зеде оружјето на гневот Свој, зашто тоа е дело на Господа Седржителот во земјата Халдејска. |
26. | Појдете против неа од сите краишта, отварајте ги житниците нејзини, газете ја како снопје, наполно истребете ја, та ништо да не остане од неа; |
27. | убивајте ги сите волови нејзини, нека одат на клање; тешко ним, бидејки дојде денот нивни, времето на нивната посета. |
28. | Се слуша глас од оние што бегаат и од оние што се спасуваат од Вавилонската земја, за да му го соопштат на Сион одмаздувањето Господово, на нашиот Бог, одмаздувањето за Неговото живеалиште. |
29. | Повикајте ги против Вавилон сите стрелци, кои запнуваат лак, сместете се околу него, за да не се избави никој од него, платете му според делата негови; како што постапуваше тој, така постапувајте и вие со него, бидејки тој се крена против Господа, против Светецот Израилев. |
30. | Затоа младите негови ке паднат по улиците негови, и сите војници негови ке бидат истербени во оној ден, вели Господ. |
31. | Еве, јас сум против тебе, о гордости, вели Господ, Бог Саваот; зашто дојде денот твој, времето на твојата посета. |
32. | И ке се сопне таа гордост и ке падне, и никој нема да ја крене; па ке запалам оган во градовите нејзини, и тој ке уништи се околу неа. |
33. | Така вели Господ Саваот: угнетени се синовите Израилеви, како и синовите Јудини, и сите што ги заробија, ги држат цврсто и не сакаат да ги пуштат. |
34. | Но Искупителот нивни е силен, Господ Саваот е името Негово; Он ке го разгледа делото нивно, за да ја смири земјата и да ги дотера во страв вавилонските жители. |
35. | Меч против Халдејците, вели Господ, и против жителите на Вавилон, и против кнезовите, негови, и против мудреците негови; |
36. | меч против ма епсниците негови, и тие ке избезумат; меч против војниците негови, и тие ке се уплашат; |
37. | меч против коњите негови, против колите негови и против сите разни племенски народи ме у него, и тие ке бидат како жени; меч против ризниците негови, и нив ке ги разграбаат; |
38. | суша за водите негови, и тие ке секнат; бидејки тоа е земја на идоли и тие се фалат со своите идолски страшилишта. |
39. | И таму ке се населат пустиски sверови со шакали, и ке живеат на неа ноеви, а таа нема да биде населенеа довека и населувана од род во род. |
40. | Како што ги сосипа Бог Содом и Гомор, и нивните соседни градови, вели Господ, така и тука нема да живее ниту еден човек, и човечки син нема да се запира таму. |
41. | Ете, од север иде народ, народ голем и многу цареви се креваат од краиштата земни; |
42. | во рацете свои држат лак и копје; тие се жестоки и немилосрдни; гласот нивни бучи како море; јаваат на коњи, наредени се како еден човек, за да се удрат со тебе керко вавилонска! |
43. | Чу за нив вест царот вавилонски, и рацете му малаксаа; жал го обзеде, мака - како на жена, се породува. |
44. | Ете, излегува тој, како лав од височините Јордански кон утврдените живеалишта; но Јас ке го принудам да излезе бргу од него; и кој е избран, нему ке му го доверам, зашто кој е подобен на Мене и кој ке побара одговор од Мене, и кој пастир ке устои против Мене? |
45. | Па така, чујте го решението на Господа, што го определи Он против Вавилон, и Неговата замисла, што ја има за Халдејската земја; навистина, нив најмалите од стадата, ке ги повлечат; навистина, Он ке ги опустоши живеалиштата нивни зедно со нив. |
46. | Од шумот при преземањето на Вавилон ке се затресе земјата, и пискот ке се чуе ме у народите." |
← Jeremiah (50/52) → |