← Jeremiah (49/52) → |
1. | За синовите Амонови вака вели Господ - зар Израилот нема синови, зар нема наследник, зошто Малхом ја наследи земјата на Гад и зошто народот негов се насели во неговите градови? |
2. | Затоа, еве идат дни, вели Господ, кога ке се чуе боен повик во Рава од синовите Амонови, и таа ке стане куп урнатини, и градовите нејзини изгорени и Израил ке ги победи оние, кои го победија него, вели Господ. |
3. | Плачи, Есевоне, зашто е опустошен Гад; викајте, керки на Рава; опашете околу себе кострет, плачете и трчајте околу плотовите; бидејки Малхом ке отиде во ропство, свештеници негови и кнезовите негови заедно. |
4. | Зошто се фалиш со долините? Твојата долина пропадна, керко одметничка, која се надеваш на богатството свое, велејки: ‘кој ке излезе против мене?‘ |
5. | Еве, Јас ке испратам врз тебе ужас од сите страни твои наоколу, вели Господ, Бог Саваот; разбегајте се кој каде може и никој нема да ги собере разбеганите. |
6. | Но потоа Јас ке ги повратам заробените - синовите Амонови, вели Господ. |
7. | За Едома, вака вели Господ Саваот: зар нема веке мудрост во Теман, исчезна благоразумието кај разумните, зар ја снема нивната мудрост? |
8. | Бегајте, свртете се со грбот, кријте се по пештерите, жители дедански, зашто Јас ке ја испратам врз него погибелта Исавова, во време кога ке го посетам. |
9. | Ако би ти дошле берачите на лозјата при тебе, сигурно би оставиле некој пабирок. И крадци да дојдат во текот на нокта, тие би украле, онолку колку што им е потребно. |
10. | Јас, пак, Исава ке го оголам, ке ги откријам неговите скришни места и не ке може да се сокрие. Kе биде истребено племето негово, и браката негови, и соседите негови; и ке го снема. |
11. | Остави ги сираците свои, Јас ке го запазам животот нивни, и вдовиците твои нека се надеваат на Мене. |
12. | Оти, така вели Господ: ете, и оние, на кои не им беше судено да ја пијат чашата, ке ја пијат, па ти ли ке останеш неказнет? Не, нема да останеш неказнет, туку ке ја пиеш чашата. |
13. | Зашто се колнам во името Свое, вели Господ, дека Восор ке стане ужас, за потсмев, пустиња и проклетство, и сите негови градови ке се претворат во вечна пустиња. |
14. | Чув глас од Господа, и претеник е испратен кај народите да им каже: соберете се и појдете против него, дигнете се на војна. |
15. | бидејки, еве, ке те направам мал ме у народите, презрен ме у лу ето. |
16. | Твојата страшна положба и гордоста на твоето срце те измамија, тебе, кој живееш во камени пештери и ги држиш врвовите на ритчињата. Но, макар и како орел да направиш гнездо високо, и оттаму ке те сметнам, вели Господ. |
17. | И ке стане Едом пустош; секој, што ке помине покрај него, ке се зачуди и ке потсвирне, гледајки ги раните негови. |
18. | Како што беа разорени Содом и Гомор и нивните соседни градови, вели Господ, така и таму нема да живее ниту еден човек, и син човечки нема да престојува во него. |
19. | И, ете, како лав ке излезе од висините Јордански кон утврдените живеалишта; но Јас ке ги принудам брзо да излезат од Идумеја, и кој е избран, него ке го поставам над неа. Зашто, кој е подобен на Мене и кој ке побара одговор од Мене и кој пастир ке ми се спротиви? |
20. | Па така, чујте го решението на Господа, што го постави Он за Едома, и замислите Негови, што ги има за жителите темански: навистина, нив најмалите од стадото, ке ги развлечат и ке ги опустошат живеалиштата нивни. |
21. | Од шумот на нивниот пад ке се затресе земјата, и екот на нивното викање ке се чуе дури до Црвеното Море. |
22. | Ете, како орел ке се крене тој, ке полета и ке ги рашири криљата над Восор; и срцето на храбрите Идумејци во оној ден ке биде како срце на жена, кога се породува. |
23. | Што се однесува, пак, до Дамаск - Емат и Арпад се осрамотија, зашто, штом ја чуја жалната вест, опаднаа со духот; и, како разбрането море, тие не можат да се успокојат. |
24. | Се уплаши Дамаск и се сврти да бега; страв го обзеде; болки и маки го опфатија како жена, која се породува. |
25. | Како не се зачува градот на славата, градот на Мојата радост? |
26. | И така, ке пакаат младите негови по улиците и сите војници ке загинат во оној ден, вели Господ Саваот. |
27. | Па ке запалам оган по sидовите на Дамаск, и ке ги уништам дворците на Вендад. |
28. | За Кидар и за царствата асорски, што го победи Навуходоносор, царот вавилонски, вака вели Господ: станувајте, тргнете против Кидар и сосипете ги синовите на Исток! |
29. | Шаторите нивни и овците нивни ке ги земат за себеси, и покривките нивни и сета нивна покукнина, и камилите нивни ке ги земат и ке им викаат страшно од сите страни. |
30. | Бегајте, мавнете се што поскоро, сокријте се длабоко, жители асорски, вели Господ, оти Навуходоносор, царот вавилонски се реши против вас и смисли заговор против вас. |
31. | Станувајте, тргнете против мирниот народ, кој безгрижно живее, вели Господ; кај него нема ни врати, ни резиња, живеат сами. |
32. | Камилите нивни ке станат плен и многуте стада нивни ке бидат разграбени; и ке ги растурам по сите ветрови, нив, кои си ги стрижат зулуфите, и од сите страни ке испратам врз нив погибел, вели Господ. |
33. | И ке стане Асор живеалиште на шакали, пустиња вечна; човек нема да живее таму и син човечки нема да се задржува во него. |
34. | Слово Господово, што беше кажано од пророкот Јеремија против Елама во почетокот од царувањето на Седекија, царот јудејски. |
35. | Вака вели Господ Саваот: еве, ке го скршам лакот на Елама, неговата главна сила; |
36. | и ке испратам проти Елама четири ветра од четирите краишта на небото, и ке ги растурам Еламците по сите тие ветрови, и не ке има народ, при кого нема да појдат прогонетите Еламци; |
37. | и ке ги поразам Еламците со страв пред нивните непријатели и пред оние, што ја сакаат душата нивна; и ке испратам врз нив беда, гневот Мој, вели Господ, и по нив ке испратам меч, додека не ги истребам; |
38. | и ке го поставам престолот Свој во Елам, и ке го истребам таму царот и кнезовите, вели Господ. |
39. | Но во последните денови заробените Еламци ке ги вратам, вели Господ. |
← Jeremiah (49/52) → |