← Jeremiah (48/52) → |
1. | За Моав вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: тешко на Невон, бидејки ке биде опустошен; Киријатим ке се осрамоти, и ке се предаде; Мизгав ке се посрами и ке се вxаши. |
2. | Kе ја снема повеке славата на Моав; во Есевон ке преземаат зло против него: да отидеме за да го сотреме ме у народите. И ти, Мадмено, ке опустееш; меч ке те гони. |
3. | Се слушна пискот од Оронаим, пустошење и сотирање големо! |
4. | Моав е сотрен; пискот кренаа децата негови. |
5. | На искачување кон Лухит се слуша непрестаен плач; слегувајки од Оронаим, непријателот слуша ужасен викот поради пропаста. |
6. | Бегајте, спасувајте си ги животите свои и бидете како оголено дрво во пустиња. |
7. | Бидејки ти се надеваше на делата свои и на ризниците свои, затоа ке бидеш фатен, и Хамос ке појде во ропство заедно со свештениците и со кнезовите свои. |
8. | И ке дојде опустошител врз секој град, и нема ниеден град да се одржи; ке загине долината и ке запусти рамнината, како што вели Господ. |
9. | Подајте му криља на Моав, за да може да полета; градовите негови ке станат пустиња, оти ке нема во нив кој да живее. |
10. | Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господа, и нека е проклет кој го задржува мечот Негов од крв! |
11. | Од младоста своја Моав беше спокоен, и се гордееше на својата слава, и не се преточуваше од сад во сад и во ропство не беше отишол; затоа во него си остануваше вкусот негов, и мирисот негов не се менуваше. |
12. | Но, еве, идат дни, вели Господ, кога ке пратам врз него преливачи, што ке го преливаат и ке ги испразнат садовите негови и ке ги скршат стомните негови. |
13. | Па ке биде посрамен Моав заради Хамоса, како што беше посрамен домот Израилев поради Ветил, надежта негова. |
14. | Зошто вие велите: - ние сме лу е храбри и силни сме во бој? |
15. | Моав е сотрен, и градовите негови горат, и одбраните младичи негови појдоа на клање, вели Царот - Господ Саваот е името Негово. |
16. | Блиска е погибелта на Моав, и брз неговото зло. |
17. | Сожалете го сите негови соседи, и сите што го знаете името негово, речете: како се здроби мокниот жезал и славната патерица! |
18. | Слези од височината на величието твое и седни во жедната земја, керко, жителко на Дивон, бидејки опустошителот на Моав ке дојде при тебе и ке ги разруши тврдините твои. |
19. | Застани на патот и погледај ти, која живееш во Ароир, прашај го оној, што бега, и онаа, што гледа да се избави: што станува? |
20. | Засрамен е Моав, зашто е сотрен; плачете и викајте, соопштете во Арнон дека Моав е опустошен. |
21. | И суд дојде врз рамнината, врз Хелсон, врз Јаса и врз Мофат, |
22. | врз Девон, врз Невон и врз Бет - Девлатаим, |
23. | врз Киријат - Јарим, врз Бет - Гамул и врз Бет - Маон, |
24. | врз Кариот, врз Восор и врз сите градови на земјата Моавска, далечни и блиски. |
25. | Одбиен е робот на Моав и мишката негова е скршена, вели Господ. |
26. | Опијте го, зашто тој се крена против Господ; нека се валка Моав во блуеницата своја, и сам ке стане за потсмев. |
27. | Зар не стана при тебе Израил за потсмев? Зар не те најде фатен ме у крадците, па ти, кога зборуваше за него, само ја мавташе главата? |
28. | Жители Моавски, оставете ги градовите и живејте по карпите и бидете како гулаби, кои вијат гнезда при влезот на пештера. |
29. | Чувме за гордоста на Моав, гордост прекумерна, за неговата самоувереност и неговата надуеност, за неговото фалење и за горделивото негово срце. |
30. | Ја знам Јас дрскоста негова, вели Господ, но тоа е безнадежно; лагите негови нема ништо да направат. |
31. | Затоа, ке плачам за Моав и ке пиштам за целиот Моав; ке воздивнувам за оние во Кир - Харес. |
32. | Kе плачам за тебе, лозо севамска, како што плачев за Јазера; твоите лозинки се префрлуваат преку морето, стигаат до езерото Јазерско; сотирачот ги нападна твоите летни производи и зрелото грозје. |
33. | Радоста и веселбата се одзеде од Кармил и од земјата Моавска. Јас ке направа виното во бурињата да заврши; никој веке нема да гази во каци со песни; боен повик ке име, а не радосен миг. |
34. | Од пискотот на Есевон до Елеала и до Јаца тие ке креваат глас од Сихор до Оронаим, до третата Егла, бидејки и водите на Нимрим ке пресушат. |
35. | Kе го сотрам Моав, вели Господ, оние што принесуваат жртви по незнабожечките светилишта и кои им кадат на боговите. |
36. | Затоа срцето Мое ке пишти за Моав како свирка, за жителите во Кир - Харес, срцето ке им биде како свирка, бидејки сите добра од нивните богатства пропаднаа; |
37. | на секого главата ке му биде гола и на секого брадата истрижена, кај сите на рацете ке има зарези, а околу бедрата врекиште. |
38. | По сите покриви на Моав и по неговите улици ке има само плач, бидејки Јас го уништив Моав, како непотребен сад, вели Господ. |
39. | Како е сотрен тој, ке речат, плачејки; како Моав се покри со срам, кога го сврти тилот, и ке биде Моав за потсмев и ужас, за сите, што го опкружуваат, |
40. | зашто вака вели Господ: ете, како орел ке летне тој и ке ги рашири криљата над Моав. |
41. | Градовите ке бидат победени и трврдините освоени, а срцето на храбрите Моавци ке биде во оној ден како срце на жена, што се измачува при породување. |
42. | И ке биде истребен Моав ме у народите, бидејки се крена против Господа. |
43. | Страв, јама и клопка околу тебе - жителу моавски, вели Господ. |
44. | Кој ке избега од ужасот, ке падне во јама; а кој ке излезе од јамата, ке падне во стапица; бидејки ке ја испратам врз него, врз Моава годината на нивната казна, вели Господ. |
45. | Под сенката на Есевон застанаа оние што бегаа од сила; но оган излезе од Есевон, и пламен среде Сихон, па ке го изгори крајот на Моав и темето на вознемирените синови. |
46. | Тешко тебе, Моаве! Пропадна народот од Хамос, бидејки синовите твои ти ги одведоа во ропство, и керките твои во - плен. |
47. | Но во последните дни ке ги вратам моавските заробеници, вели Господ. Дотука е судот за Моав. |
← Jeremiah (48/52) → |