← Jeremiah (47/52) → |
1. | Слово Господово што дојде до пророкот Јеремија за Филистејците, пред Фараонот да ја порази Газа. |
2. | Така вели Господ - еве, се креваат од север води, што ке се претворат во буен поток и ке ке ја потопат земјата и се што ја исполнува, градот и жителите во него: тогаш ке повикаа лу ето и ке заплачат сите жители на земјата. |
3. | Од топотот на копитата од силните коњи и од татнежот на неговите коли, од чкртањето на тркалата нивни, татковците не ке можат да управат поглед кон децата свои, бидејки рацете нивни ке им отпаднат |
4. | од оној ден што ке дојде да ги сотре сите Филистејци, да ги оттргне од Тир и Сидон сите други помошници, бидејки Господ ке ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор. |
5. | Kе окелавее Газа, ке пропадне Аскалон и остатокот од нивната долина. |
6. | До кога ке сечеш, о мечу Господов, кога ке престанеш? Врати се во ножницата своја, престани и одмори се. |
7. | Но, како да се одмориш, кога Господ заповеда против Аскалон и против морскиот брег; натаму Он го определи. |
← Jeremiah (47/52) → |