← Jeremiah (46/52) → |
1. | Слово Господово, упатено до пророкот Јеремија за незнабожечките народи: |
2. | за Египет, за војската на фараонот Нехао, цар египетски, која беше при реката Ефрат во Кархамис и која ја победи Навуходоносор, царот вавилонски во четвртата година на Јоакима, синот Јосиев, цар јудејски: |
3. | "Пригответе ги штитовите и копјата и стапете во бој; |
4. | оседлајте ги коњите и качете се на нив, коњаници, и поставете ги шлемовите; наострете ги копјата, облечете се во оклопи. |
5. | А зошто, гледам, тие се уплашија и се свртија назад? Јунаците нивни се разбиени и бегаат, не обsрнувајки се назад, страв од секаде, вели Господ. |
6. | Нема да побегна брзоногиот и нема да се избави силниот; на север, покрај реката Ефрат, ке се сопнат и ке паднат. |
7. | Кој е тој што се подига како поток и водите да му се брануваат како во река? |
8. | Египет се подига како река и водите му се разбрануваат како потоци, па вели: ке се кренам и ке ја покријам земјата, ке го уништам градот и жителите негови. |
9. | Седнувајки на коњите и впрегнувајки ги колите, излегувајте, и гинете, јунаци, Етиопјани и Лобијци, вооружени со штити, и Лидијци, што ги држите и затегнувате лаковите; |
10. | зашто овој ден е за Господа, Бога Саваота, ден за одмазда, за да им се одмазди на непријателите Свои; и меч ке изедува, ке се насити и ке се опие од крвта нивна; бидејки тоа ке се изврши за Господа Бога Саваота, како жртвен принос во северната земја, при реката Ефрат. |
11. | Оди во Галад и земи балсам, девојко, керко египетска; залудо ке трупаш лекови - исцеление за тебе нема. |
12. | Чуја народите за твојот срам, и пискотот твој ја исполни земјата; бидејки јунак со јунак се судрива, па обајцата па аат." |
13. | Слово, кое Господ му го кажа на пророкот Јеремиј за доа ањето на Навуходоносора, царот вавилонски, за да ја порази земјата Египетска: |
14. | "Соопштете во Египет, и кажете во Мигдол, јавете во Ноф и во Тафнис; кажете: ‘кажи и да се приготви оти мечот ке ги изеде околните населби.‘ |
15. | Зошто е јунакот твој соборен? Не се одржа, оти Господ го собори; |
16. | Он направи така, што многумина се судруваа и па аа дури еден врз друг, велејки: ‘станувај да си појдеме при нашиот народ во својата родна земја, далеку од насилничкиот меч.‘ |
17. | а таму викаат: ‘Фараонот, царот египетски, пропадна; го пропушти определеното време.‘ |
18. | Жив сум Јас, вели Царот, чие име е Господ Саваот: ке дојде Он како Тавор ме у горите и како Кармил покрај Морето. |
19. | Подготви се за преселување, керко, жителко египетска, зашто Ноф ке биде опустошен, разорен, па не ке остане ниту еден жител. |
20. | Египет е убава јунечка: но погибелта иде, доа а од север. |
21. | И наемниците негови кај него не изгледаат како згоени телци, па и самите тргнаа да бегаат, побегнаа сите, не можеа да издржат, бидејки врз нив дојде нивниот погибелен ден, време за да им одмаздам. |
22. | Гласот нивни писка како глас на змија, тие доа аат со војска, ке дојдат врз него со секри како дрвари, |
23. | ке ја исечат шумата негова, вели Господ, бидејки се безбројни; повеке се отколку скакулците, па број немаат. |
24. | Засрами се, керко египетска, ти, која си предадена во рацете на северниот народ. |
25. | Господ Саваот, Бог Израилев, вели: еве, Јас ке го посетам Амона, кој живее во Ноф, Фараонот и Египет, боговите негови и царевите негови, Фараонот и оние што се надеваат во него, |
26. | И ке ги предадам во рацете на оние што ја бараат душата нивна и во рацете на Навуходоносора, царот вавилонски, и во рацете на слугите негови, но потоа тој ке биде населен, како и во поранешните дни, вели Господ. |
27. | А ти, Јакове, слуго Мој, не бој се и не плаше се, Израеле: оти еве, Јас ке те избавам од далечната земја и семето твое - од земјата на ропството нивно; и ке се врати Јаков и ке живее спокојно и мирно, и никој нема да го заплашува. |
28. | Не бој се, Јакове, слуго Мој, вели Господ, оти Јас сум со тебе. Јас ке ги истребам сите народи, при кои те изгонив, но тебе нема да те истребам; само ке те казнам тебе по мерка; неказнет нема да те оставам." |
← Jeremiah (46/52) → |