Jeremiah (45/52)  

1. Слово кое пророкот Јеремија му го кажа на Варуха, синот Нириев, кога тој ги запиша во книга овие зборови од устата на Јеремија, во четвртата година на јудејскиот цар Јоакима, син Јосиев -
2. "Вака вели Господ, Бог Израилев, за тебе, Варухе:
3. ти велиш - ‘тешко мене! оти Господ ми придодаде кон болката моја; изнемоштен сум од воздишки и спокој немам.‘
4. Кажи му вака: така вели Господ - еве, што сум направил ке разрушам, и, што сум посадил ке искорнам - целава оваа земја.
5. А ти за себе сакаш нешто големо: не барај; бидејки еве, Јас ке испратам беда врз секое суштество, вели Господ, а место плен ке ја оставам душата твоја насекаде каде и да појдеш."

  Jeremiah (45/52)