← Jeremiah (44/52) → |
1. | Дојде словото Господово до Јеремија за сите Јудејци, кои живеат во Египетската земја, населени во Магдол, Тафнис, Ноф и во земјата Патрос - |
2. | вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: вие ја видовте сета беда, што ја испратив врз Ерусалим и врз сите градови јудејски; ете, тие се сега запустени и никој не живее во нив, |
3. | поради нивната злоба, што згрешија, откако Ме разгневуваа, одејки да кадат и да служат на други богови, што не ги познаваа ни тие, ни вие, ниту татковците ваши. |
4. | И ги пракав при вас сите слуги Мои - пророците, ги пракав од рано утро, за да ви кажат: "Не правете го тоа гнасно дело, што Ми е одвратно." |
5. | Но тие не го приклонија увото и не слушаа, за да се одвратат од своето зло, да не кадат на други богови. |
6. | И Мојата јарост и Мојот гнев се излеа и се разгори врз градовите на Јудеја и по ерусалимските улици; тие станаа урнатини и пустелија, како што гледате сега. |
7. | А сега, вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев: зошто го вршите тоа големо зло на душите свои, истребувајки ги поме у себе мажите и жените, возрасните, децата и младинците во Јудеја, за да не оставите остаток, па, |
8. | бидејки Ме разгневувате со делата на рацете свои, со кадењето пред други богови во земјата Египетска, каде што дојдовте да живеете, та да се погубите самите себе и да станете за проклетство и укор кај сите народи по земјата? |
9. | Зар го заборавивте нечестието на вашите татковци и нечестието на јудејските цареви, вашето сопствено нечестие и нечестието на вашите жени, што го вршеа во земјата Јудејска и по ерусалимските улици? |
10. | Но, тие не се смирија ни до денес, не се бојат и не одат по Мојот закон и по Моите наредби, што ви ги дадова вам и на татковците ваши. |
11. | Затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: ‘еве, ке го свртам против вас лицето Свое за погибел, и за да ја истребам цела Јудеја, |
12. | и ке го земам остатокот Јудеин што реши да замине во земјата Египетска и да живее таму, и ке бидат истребени сите; ке паднат во земјата Египетска и со меч и со глад ке бидат истребени; мало и големо ке умрат од меч и од глад, и ке бидат изложени на проклетство и ужас, за поруга и укор. |
13. | Kе ги посетам оние, што живеат во земјата Египетска, како што ги посетив Ерусалим, со меч, со глад и со помор, |
14. | и никој нема да избега и нема да се спаси од остатокот на Јудејците, кои дојдоа во земјата Египетска, за да живеат таму и потоа да се вратат во земјата Јудејска, каде што од се срце сакаа да се вратат, за да живеат таму; никој нема да се врати освен оние, што ке побегнат оттаму.‘ |
15. | И сите мажи, кои знаеја дека жените нивни им кадат на други богови, и сите жени, што стоеја таму во големо множество, и сиот народ кој живееше во земјата Египетска, во Патрос, му одговорија на Јеремија и му рекоа: |
16. | "Зборот, што ни го кажа во името Господово, ние не го слушаме; |
17. | туку ке правиме се што е излезено од устите наши: ке и кадиме на богињата на небото и ке и правиме преливи, како што го правевме тоа, ние и татковците наши, царевите наши и кнезовите наши, по градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски, бидејки тогаш бевме сите во добра состојба и беди не видовме; |
18. | и, откако прекративме да и кадиме на богињата на небото и да и правиме преливи, трпиме секакви скудности и загинуваме од меч и од глад. |
19. | И кога и кадиме на богињата на небото и и принесуваме преливи, зар без знаење на нашите мажи и правиме лепчиња со нејзиниот лик или принесуваме преливи?" |
20. | Тогаш Јеремија му рече на сиот народ, на мажите и жените, и на сиот народ што така му одговараше: |
21. | "Зар Господ не си спомна за кадењето, што го извршувавте во јудејските градови, по улиците ерусалимски, вие и татковците ваши, царевите ваши, кнезовите ваши и народот од земјата, и зар не влезе тоа во срцето Негово? |
22. | Господ не може веке да ги поднесува вашите лоши дела и одвратности, што ги правевте; затоа и земјата ваша стана пустиња, ужас и проклестство, без жители, како што гледате сега. |
23. | Затоа што кадевте и Му грешевте на Господа, не го слушавте гласот на Господа и не одевте според законот Негов, по наредбите Негови и по заповедите Негови, па затоа и ве постигна ова зло, како што гледате сега." |
24. | Тогаш Јеремија му рече на сиот народ и на сите жени: "Чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што сте во земјата Египетска; |
25. | вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: се што зборувавте со устата, тоа и со раце го правевте вие и жените ваши; вие велите: ‘да ги исполнуваме нашите завети, што ги ветивма, да и кадиме на богињата на небото и да и принесуваме преливи.‘ Навистина, вашите завети, ги одржавте и ги извршивте точно вашите ветувања. |
26. | Затоа сега чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што живеете во земјата Египетска: еве, Јас се заколнав во Своето велико име, вели Господ, дека во сета Египетска земја нама повеке да се изговара името Мое од устата на кој и да било Јудеец, за да рече: ‘жив да е Господ Бог!‘ |
27. | Еве, Јас ке бдеам над вас за погибел, а не за добро, и сите Јудејци во земјата Египетска ке загинат од меч и од глад, се додека не бидат наполно истребени. |
28. | Само малкумина оттргнати од мечот ке се вратат од земјата Египетска во Јудејската, а сите други Јудејци, што отидоа во земјата Египетска, за да поживеат таму, ке узнаат дека зборот ке се изврши: Мојот или нивниот. |
29. | И, еве ви знак, вели Господ, дека ке ве посетам на тоа место, за да знаете, дека ке се исполнат зборовите Мои за вас, за ваша погибел. |
30. | Така вели Господ: еве, Јас ке го предадам египетскиот цар, фараонот Вафрија, во рацете на непријателите негови и во рацете на оние, што ја бараат душата негова, онака како што го предадов јудејскиот цар Седекија во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, непријателот негов, кој ја бараше душата негова." |
← Jeremiah (44/52) → |