← Jeremiah (43/52) → |
1. | Кога Јеремија му ги изговори на сиот народ овие зборови на нивниот Господ Бог, сите тие зборови со кои нивниот Господ го прати до нив, |
2. | тогаш Азаниј, синот Осаиев, и Јоанан, синот Кареев, и сите охоли лу е му рекоа на Јеремија: "Тоа, што го зборуваш не е вистина; Господ, нашиот Бог, не те прати да кажеш - не одете во Египет, за да живеете таму" |
3. | туку Варух, синот Нириев, те наговори против нас, за да не предадеш во рацете на Халдејците, па да не убијат, или да не одведат како робови во Вавилон." |
4. | И Јоанан, синот Кареев, сите војводи и сиот народ не го послушаа гласот на Господа, за да останат во земјата Јудејска: |
5. | Тогаш Јоанан, синот Кареев, и сите војводи го поведоа сиот остаток од Јудејците, кои се беа вратиле од кај сите народи, каде што беа прогонети, за да живеат во земјата јудејска; |
6. | мажи, жени, деца, царевите керки и сите оние, кои Навузардан, началник на телохранителите, ги остави со Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов, и пророкот Јеремија, и Варуха, синот Нириев; |
7. | па отидоа во земјата Египетска, бидејки не го послушаа гласот на Господа, и стигнаа до Тафнис. |
8. | И би слово Господово до Јеремија во Тафнис: |
9. | земи во рацете големи камења и сокри ги во измесена глина пред влезот на Фараоновиот дом во Тафнис, пред очите на Јудејците, |
10. | и кажи им - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, ке пратам и ке го доведам Навуходоносора, царот вавилонски, слугата Свој, и ке го поставам престолот негов врз овие камења што ги сокрив, и тој ке го распне над нив својот великолепен шатор |
11. | и ке дојде, па ке ја порази Египетската земја: и кој е за смрт, ке биде предаден на смрт; и кој е за ропство, ке отиде во ропство, а кој е за под меч - под меч. |
12. | Па ке запалам оган во светилиштата на боговите египетски; и тој ке ги изгори, а нив ке ги зароби, и ке се нагрне со Египетската земја, како пастир што се наметнува со облеката своја, па ке си отиде оттаму со мир. |
13. | И ке ги собори статуите на Бетсамис, што се нао аат во Египетската земја, и светилиштата на египетските богови ке ги изгори со оган. |
← Jeremiah (43/52) → |