← Jeremiah (40/52) → |
1. | И би слово Господово до Јеремија, откако Навузардан, началникот на телохранителите, го отпушти од Рама, каде што го беше зел окован во вериги од другите заробени ерусалимци и Јудејци, преселувани во Вавилон. |
2. | Началникот на телохранителите го зеде Јеремија и му рече: "Твојот Господ Бог го изрече ова зло врз ова место |
3. | и го испрати Господ, и направи, како што рече - бидејки вие згрешивте пред Господа и не го послушавте гласот Негов, и ете заради тоа и ве постигна ова. |
4. | Па така, еве, јас денес те ослободувам од веригите, што ти се на рацете твои; ако ти е угодно да дојдеш со мене во Вавилон, дојди и јас ке се грижам за тебе; ако, пак, не ти е угодно да дојдеш со мене во Вавилон, остани овде. Еве, оваа земја е пред тебе; каде што ти е угодно и каде што ти е мило да одиш, појди таму." |
5. | Додека тој уште не беше тргнал, Навузардан рече: "Оди при Годолија, синот на Ахикама, сино Сафанов, кого вавилонскиот цар го постави за началник над јудејските градови, и остани со него ме у народот; или, оди, каде што ти е мило да одиш." И началникот на телохранителите му даде храна и дар, па то отпушти. |
6. | И дојде Јеремија при Годолија, синот Ахикамов, во Масифа и живееше со него ме у народот, што беше останал во земјата. |
7. | Кога сите воени началници, што беа во рамнината, тие и лу ето нивни, чуја дека вавилонскиот цар го поставил Годолија, синот Ахикамов, за началник над земјата и му ги доверил лу ето, жените и децата и бедните во земјата, што не беа преселени во Вавилон, |
8. | тогаш дојдоа во Масифа при Годолија Исмаил, синот Натаниев, Јоанан и Јонатан, синовите Карееви, Сераја, синот Танасметов, синовите на Офа од Нетофат и Језонија, синот на Махат, тие и дружината нивна. |
9. | Годолиј, синот на Ахикама, син Сафанов, им се заколна ним и на лу ето, велејки: "Не бојте се да им служите на Халдејците, останете си во земјата и служете му на вавилонскиот цар, па ке ви биде добро; |
10. | јас пак ке останам во Масифа за да се застапувам пред Халдејците, што ке доа аат при нас; а вие собирајте вино, летни плодови и елеј, собирајте го во вашите садови и живејте во градовите свои, што ги зазедовте." |
11. | Исто така и сите Јудејци, што се нао аа во земјата Моав, ме у синовите на Амона, во Идумеја и по сите краишта, чуја дека вивилонскиот цар оставил дел од Јудејците и го поставил над нив Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов, |
12. | па се вратија сите тие Јудејци од сите места, каде што беа прогонети, и дојдоа во јудејската земја при Годилија во Масифа, и собраа многу вино и летни плодови. |
13. | Ме утоа, Јоанан, синот на Кареја, и сите воени началници, што се нао аа во полето, дојдоа при Годолија во Масифа, |
14. | и му рекоа: "знаш ли ти дека Валис, царот на синовите Амонови, го испрати Исмаила, синот Натаниев, да те убие?" Но Годолија, синот Ахикамов, не им поверува. |
15. | Тогаш Јоанан, синот Кареев, му рече тајно на Годолија во Масифа: "Дозволи ми да појдам и да го убијам Исмаила, синот Натаниев, и никој нема да разбере; зошто да дозволиш да те убие и да се растураст сите собрани при тебе Јудејци, и да загине остатокот од Јуда?" |
16. | Но Годолија, синот Ахикамов, му рече на Јоанан, синот Кареев: "Не прави го тоа, оти она, што ми го кажуваш за Исмаила, не е вистина." |
← Jeremiah (40/52) → |