← Jeremiah (4/52) → |
1. | Ако сакаш да се обрнеш, Израиле, вели Господ: "обрни се кон Мене; и ако ги отклониш гадотиите од пред Моето лице, ти нема да скиташ, |
2. | и ке се колнеш: вистински верно и праведно: жив е Господ. И народите од Него ке се благословуваат и со Него ке се фалат. |
3. | Зашто вака им вели Господ на мажите од Јудеја и од Ерусалим: изорајте си нови ниви и не сејте ме у трње. |
4. | Обрежете се заради Господа и симнете го крајчето од срцето свое, мажи Јудини и ерусалимски жители, за да не се јави Мојот гнев како оган и да не пламне неизгасливо поради вашите лоши наклоности. |
5. | Објавете во Јудеја, и разгласете во Ерусалим, говорете и трубете со труба по земјата; викајте силно и велете: ‘соберете се, и да влеземе во утврдените градови.‘ |
6. | Кренете го знамето кон Сион - бегајте, не се запирајте, зашто Јас ке донесам од север зло и голема погибел. |
7. | Излегува лав од својот честар, тргнува истребителот на народите: тој излегува од местото свое, за да ја направи земјата твоја пустиња, градовите твои ке бидат сосипани, ке останат без жители. |
8. | Затоа опашете се со врекиште, плачете и ридајте, зашто јароста на Господовиот гнев нема да се одврати од нас. |
9. | И во тој ден, вели Господ, ке замре срцето на царот и срцето на кнезовите, ке се ужаснат свештениците и ке се вчудоневидат пророците." |
10. | И реков: о, Господи Боже, зар Ти само го лажеше овој народ и Ерусалим кога велеше: "мир ке има кај вас"; а, ме утоа, меч допре до душата? |
11. | Во тоа време ке му биде речено на тој народ и на Еурсалим: топол ветар дува од пустињските височини врз патот на керката на Мојот народ, не за да вее, ниту да очистува. |
12. | И оттаму ке дојде кон Мене ветар посилен од овој, и Јас ке искажам суд над нив. |
13. | Ете, се крева тој како облак, и колите му се како виор, коњите му се побрзи од орли; тешко нив! зашто ке бидат сосипани. |
14. | Измиј го злото од срцето свое, Ерусалиме, за да се спасиш: до кога ке стојат во тебе злосторнички мисли? |
15. | Зашто веке се разнесува глас од Дан, и погибелна вест - од Ерфемовата гора: |
16. | јавете им на народите, известете го Ерусалим, дека идат од далечна земја опсадувачи и со викања ги исполнуваат градовите на Јудеја. |
17. | Како чувари на нивните го оградуваат од сите страни, зашто тој се крена против Мене, вели Господ. |
18. | Тоа ти го направија твоите патишта и делата твои; од твојата нечесност ти е толку горчливо, што допира до срцето твое. |
19. | Утробо моја! Утробо моја! нажален сум до дното на срцето свое, се бранува во мене срцето мое, не можам да молчам; зашто ти слушаш, душо моја, звук од труба, боен повик. |
20. | Зло по зло, целата земја се опустошува, ненадејно беа соборени шаторите мои, за миг - сениците мои. |
21. | Долго време ли ке гледаме знаме, ке слушаме трубен звук? |
22. | Тоа произлегува оттаму, што водачите на Мојот глупав народ не Ме познаваат: тие се безумни синови, и нема во нив расудување: тие се мудри за зло, но не умеат да вршат добро. |
23. | Ја гледам земајта - и ете, таа е разорена и пуста, - небесата, и нема на нив светлина. |
24. | Ги гледам горите - и ете, тие треперат, и сите ридови се нишаат. |
25. | Гледам - и ете, нема човек и сите небески птици одлетале. |
26. | Гледам - и ете, Кармил е пустиња, и сите негови градови се сосипани од лицето Господово, од јароста на гневот Негов. |
27. | Зашто вака рече Господ: - целата земја ке биде опустошена, но целосно истребување нема да извршам. |
28. | Kе заплаче земјата поради тоа, и небесата ке се затемнат, зашто Јас реков, Јас решив, и нема да се покајам за тоа, ниту ке отстапам од него. |
29. | Од викот на коњаници и на стрелци ке се разбегаат сите градови: тие ке отидат во густи шуми и ке се искачат на карпи; сите градови ке бидат напуштени, и во нив нема никој да живее. |
30. | А ти, опустошена, што ке правиш? Макар и да се облекуваш во пурпур, и да се украсуваш со златни накити, да си ги украсуваш со боја очите свои - залудо ке се украсуваш: те презираат наложниците - ти ја бараат душата твоја. |
31. | Зашто Јас слушам глас како на жена, кога ра а, стенкање како на онаа, која ра а за првпат, глас на керката Сионска; таа стенка, протегајки ги рацете: ‘о, тешко мене, душата моја исчезнува пред убијците.‘ |
← Jeremiah (4/52) → |