← Jeremiah (37/52) → |
1. | Место Јехонија, синот Јоакимов, царуваше Седекија, синот Јосиев, кого вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за цар во Јудејската земја. |
2. | Ни тој, ни слугите негови, ниту, пак, народот од земјата не ги послушаа зборовите на Господа, кои Он им ги кажа преку пророкот Јеремија. |
3. | Царот Седекија го испрати Јехухала, синот Селемиев, и свештеникот Софониј, син Масеев, при пророкот Јеремија да кажат: "помоли се заради нас на нашиот Господ Бог." |
4. | Јеремија тогаш се уште слободно влегуваше и излегуваше пред народот, бидејки уште не беа го затвориле во темница. |
5. | Во ме увреме Фараоновата војска излезе од Египет, и Халдејците кои го опседуваа Ерусалим, штом разбраа за тоа, отидоа од Ерусалим. |
6. | И би слово Господово до пророкот Јеремија: |
7. | вака вели Господ, Бог Израилев - кажете му на јудејскиот цар, кој ве испрати до мене да ме прашате: еве, војската на Фараонот, што ви дојде на помош, ке се врати во земјата своја, во Египет; |
8. | а Халдејците пак ке дојдат и ке се борат против овој град, ке го преземат и ке го изгорат со оган. |
9. | Така вели Господ - не лажете се, велејки си во себе: "бездруго ке си отидат Халдејците од нас", зашто нема да си отидат; |
10. | дури и да бевте ја разбиле сета војска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа при вас само ранетите, тоа тогаш и тие би станале, секој од шаторот свој и би го изгореле овој град со оган. |
11. | И во тоа време, кога халдејската војска се оддалечи од Ерусалим, поради Фараоновата војска, |
12. | Јеремија појде од Ерусалим, па дојде во земјата на Венијамина, сокривајки се од народот. |
13. | А кога беше пред портата Венијаминова, тамошниот управител на стражата, по име Јерај, син Селемиев, син Ананиев, го задржа пророкот Јеремиј и рече: "Ти сакаш да побегнеш при Халдејците, зар не?" |
14. | Јеремија одговори - "Лага е тоа; не сакам да бегам при Халдејците." Но Јерај не го послуша, го фати Јеремија и го одведе кај кнезовите. |
15. | Кнезовите се разгневија на Јеремија, го биеја и го затворија во темница, во куката на писарот Јонатан, бидејки ја беа направиле затвор. |
16. | Кога Јеремија влезе во темницата и во визбата, таму остана повеке дни. |
17. | Царот Седекија испрати по него и го доведоа. И го праша царот во својот дом тајно, велејки: "Нема ли слово од Господа?" Јеремија одговори: "Има", и додаде: "ке бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар." |
18. | Тогаш Јеремија му рече на царот Седекија: "Што згрешив пред тебе, пред слугите твои и пред овој народ, па ме фрливте во темница? |
19. | И каде се вашите пророци, кои ви пророкуваат кажувајки: ‘Вавилонскиот цар нема да дојде против вас и против оваа земја?‘ |
20. | А сега, чуј, господаре мој, царе, услиши ја молбава моја пред лицето твое; не вракај ме во куката на писарот Јонатан, за да не умрам таму." |
21. | Тогаш царот Седекиј заповеда да го затворат Јеремија во стражарницата, и таму му даваа по едно парче леб на ден од улицата не лебарите, се додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Јеремиј во стражарницата. |
← Jeremiah (37/52) → |