← Jeremiah (35/52) → |
1. | Слово од Господа, упатено до Јеремија во дните на јудејскиот цар Јоаким, син Јосиев: |
2. | оди во домот на Рехавовци, позборувај со нив и доведи ги во домот Господов, во една од собите и дај им да пијат вино. |
3. | Јас го поведов Јазанија, синот на Јеремија, син Авациниев, и братот негов, сите синови негови и сиот дом на Рехавовци, |
4. | па ги доведов во домот Господен, во собата на синовите од Годолија, син Ананов, човек Божји, која се нао а до собата на кнезовите, а над собата на Масеа, син Селумов, стражар при влезот. |
5. | И поставив пред синовите од домот на Рехавовци полни грнци со вино и чаши, па им реков: "Пијте вино!" |
6. | Но тие рекоа: "Ние вино не пиеме, бидејки нашиот татко Јонадав, син Рехавов, ни заповедал, велејки - ‘вино не пијте ни вие, ниту децата ваши довека; |
7. | и куки не правете, и семиња немојте да сеете, лоза не садете; такви работи да нема при вас, туку преку сите денови на животот свој живејте во шатори, за да поживеете долго на оваа земја, каде што сте ту инци.‘ |
8. | И ние го послушавме гласот на нашиот татко Јонадав, син Рехавов, во се, што ни заповеда - да не пиеме вино во текот на сите наши дни, ние и жените наши, синовите наши и керките наши, |
9. | и да не правиме куки за наше живеење; и, ете, ние немаме ни лозја, ни ниви, ниту градини, |
10. | туку живееме во шатори и во се се покоруваме и го вршиме сето она, што ни заповеда нашиот татко Јонадав. |
11. | А кога вавилонскиот цар Навуходоносор дојде во оваа земја, ние си рековме: да си одиме, да појдеме во Ерусалим пред халдејската војска и пред арамејската војска, и, еве, ние живееме во Ерусалим." |
12. | И би слово Господово до Јеремија: |
13. | вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: оди, кажи им на лу ето Јудини и на жителите ерусалимски - зар нема да излечете поука од ова за себе, па да ги послушате зборовите Мои, вели Господ. |
14. | Се исполнуваат зборовите на Јонадава, синот Рехавов, кој им заповеда на синовите свои да не пијат вино, и тие до ден денес не пијат, бидејки му се покоруваат на заветот што му го дале на својот татко; Јас, пак, постојано ви зборував од рано утро, а вие не Ме послушавте. |
15. | Ги испракав Јас при вас сите Мои слуги - пророците ги пракав од рано утро, и велев - повратете се секој од својот лош пат и исправете го поведението свое и не одете по други боови, за да им служите, па ке живеете во оваа земја, кој ви ја дадов вам и на татковците ваши; но вие не го приклонивте увото и не Ме послушавте. |
16. | Бидејки синовите на Јонадава, синот Рехавов, ја исполнуваат заповедта на својот татко, што беше им ја дал, а овој народ Мој Мене не Ме слуша, |
17. | затоа, вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев - еве, Јас ке го испратам врз Јудеја и врз сите жители ерусалимски сето ова зло, што го изреков врз нив, зашто Јас им зборував, а тие не слушаа, им викав, а тие не одговараа. |
18. | А на домот на Рехавовци, Јеремиј им рече - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: бидејки го послушавте заветот на вашиот татко Јонадава и ги пазите сите негови заповеди и во се постапувате, како што ви заповедал, |
19. | затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - никогаш нема да недостига од Јанадава, синот Рехавов, човек што ке стои пред лицето Мое во сите дни. |
← Jeremiah (35/52) → |