← Jeremiah (33/52) → |
1. | И вторпат би слово Господово до Јеремија, кога беше тој затворен во стражарницата - |
2. | вака вели Господ, Кој ја создаде земјата, Господ, Кој ја уреди и зацврсти, - Кому Му е името Господ: |
3. | повикај кон Мене, и Јас Kе ги одговорам, ке ти покажам нешто големо и недостапно, нешто, што ти не го знаеш. |
4. | Оти, така вели Господ, Бог Израилев, за куките на овој град и за куките на јудејскиот цареви, што ке се урнат за окопи и за борби. |
5. | Оние, што дојдеа да се борат против Халдејците, за да ги исполнат домовите со трупови на лу е, кои Јас во Својот гнев и во јароста Своја ке ги поразам и поради чие беззаконие Јас го сокрив лицето од тој град. |
6. | Еве, Јас ке ги излекувам, ке ги исцелам и ке им откријам изобилие на мир и вистина, |
7. | ке ги вратам заробените на Јуда и заробените на Израилот и ке ги зацврстам како порано, |
8. | ке ги исчистам од секое нивно беззаконие, со кое згрешија пред Мене, и ке им ги простам сите нивни гревови, со кои се огрешија пред Мене и остастапија од Мене. |
9. | И Ерусалим ке биде за Мене радосно име, похвала и чест, пред сите земни народи, што ке чујат за сите добра, какви што ке им давам и ке се уплашат и ке затреперат од сите добра и од секаков благослов, што ке им го дадам. |
10. | Така вели Господ: на ова место за кое вие велите - "тоа е пусто, без лу е и без добиток", во јудејските градови и во ерусалимските улици, кои се пусти, без лу е, без жители, без добиток, |
11. | пак ке се слуша глас од радост и глас од веселба, глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што велат: "славете Го Господа Саваота, зашто е благ Господ, зашто е милоста Негова вечна", и глас на оние што принесуваат благодарствена жртва во домот Господен; бидејки Јас ке ги вратам заробените од оваа земја во нивната поранешна состојба, вели Господ. |
12. | Така вели Господ Саваот: во ова место, кое е пусто - без лу е, без добиток, и во сите негови градови пак ке има живеалишта на пастири, што ке ги доведуваат стадата свои на одмор. |
13. | Во планинските градови, во градовите по полето и во јужните градови, во земјата на Венијамина, во ерусалимските предградија и во градовите Јудини пак ке врват стада под раката на оној што ке ги пребројува, вели Господ. |
14. | Еве настапуваат дни, вели Господ, кога ке го исполнам ова добро слово, што го изреков за домот Израилев и за домот на Јуда. |
15. | Во тие дни и во тоа време ке благословам на Давида да му израсте Подмладок на правдата, и Он ке изврши суд и правда на земјата. |
16. | Во тие дни Јуда ке биде спасен, и Ерусалим ке живее безопасно и ке Му стават име: "Господ е наша правда!" |
17. | Оти, така вели Господ: нема да снема маж при Давида, што не ке седи на престолот во домот Израилев, |
18. | и кај левитските принесувачи на жртви нема да снема пред лицето Мое човек, кој преку сите дни да не вознесува сепаленица, да изгорува приноси и да принесува жртви. |
19. | И би слово Господово до Јеремија - |
20. | вака вели Господ: ако можете да го разрушите заветот Мој со денот и заветот Мој со нокта, така што денот и нокта да не се сменуваат во определеното време, |
21. | тоа тогаш ке можете да го разрушите и заветото Мој со Мојот слуга Давида, така што да нема при него син, што ке царува на неговиот престол, а исто така и со левитите - свештеници, служители Мои. |
22. | Како што е небесната војска безбројна, и песокта морска неизброива, така ке се размножи племето на Мојот слуга Давида и на левитите кои Ми служат. |
23. | И би слово Господово до Јеремија: |
24. | зар не гледаш, дека овој народ вели - "двете племиња, кои Господ ги избра, Он ги отфрли", и со тоа тие го презираат Мојот народ како веке да не е народ Мој пред очите нивни? |
25. | Така вели Господ: да не бев го утврдил заветот Мој со денот и нокта и наредбите на небото и на земјата, |
26. | тоа тогаш и племето на Јакова и на Мојот слуга Давида, ке го отфрлев, за да не земаат веке од неговото племе владетели, за племето на Авраама, и Исака, и Јакова, бидејки ке ги вратам нивните заробени и ке ги помилувам. |
← Jeremiah (33/52) → |