← Jeremiah (32/52) → |
1. | Слово Господово што дојде до Јеремија во десеттата година на јудејскиот цар Седекија; таа година беше осумнаесеттата година на Навуходоносора. |
2. | Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим, а пророкот Јеремија беше затворен во стражарницата, што се нао аше при домот на јудејскиот цар. |
3. | Јудејскиот цар Седекија го затвори таму, откако рече: "Зошто пророкуваш и велиш - така вели Господ: еве, Јас ке го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ке го преземе; |
4. | и Седекија, јудејскиот цар, нема да избега од рацете на Халдејците, туку бездруго ке биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ке зборува со него уста во уста, и очите негови ке ги видат неговите очи; |
5. | и тој ке го одведе Седекија во Вавилон, каде што и ке остане, додека не го посетам, вели Господ. Ако се борите против Халдејците, нема да победите?" |
6. | И рече Јеремија: такво беше словото Господово до мене. |
7. | Еве, Анамеил синот на твојот чички Салума, доа а при тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се нао а во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се па а да ја купиш. |
8. | И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде при мене, според словото Господово, во стражарницата и ми рече - купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамина, зашто правото на наследство е твое и куповното право е твое: купи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше слово Господово. |
9. | И ја купив од Анамеила, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му измерив седум сикли сребро и десет сребреници; |
10. | И запишав во книга, ја потпечатив, повикав потоа сведоци и парите ги измерив. |
11. | Па ја зедов потврдата за купопродавање, потпечатена според законот, и наредбата, и така, отворено, |
12. | му ја дадов потврдата за купување на Варуха, синот на Нирија, Маасеев син, пред очите на Анамиела, синот на мојот чичко, и пред очите на сведоците, кои го потпишаа тој купопродажен договор пред очите на сите Јудејци, што седеа во стражарницата; |
13. | и му заповедав на Варуха во нивно присуство; |
14. | вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - земи ја оваа книга, договоров за купопродавање, која е потпечатена и оваа отворена книга, и стави ги во глинен сад, за да останат таму долго време. |
15. | Оти, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: во ова земја пак ке се купуваат куки, ниви и лозја. |
16. | И откако му ја предадов на Нириевиот син Варуха купопродажната потврда, јас се помолив на Господа: |
17. | "О, Господи Боже, Ти го создаде небото и земјата со силата Твоја голема и со крената мишка; за Тебе не постои ништо невозможно; |
18. | Ти покажуваш милост на иљадници и за гревовите на татковците нивни им отплакаш на децата нивни по нов: Боже Велики, Силни, на Кого името Му е Господ Саваот. |
19. | Голем по мудрост и силен според делата, Чии очи се отворени врз сите патишта на синовите човечки, за да отплатува секому според патиштата негови и според плодовите на делата негови, |
20. | Кој изврши чудеса и покажа знаци во земјата Египетска, а извршуваш и до денес во Израилот и ме у сите лу е, и Си создаде име, како во оној ден, |
21. | па го изведе Твојот народ Израилот од земјата Египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената мишка и со голем страв. |
22. | И им ја даде оваа земја, која со клетва им ја беше ветил на татковците нивни, дека ке им ја дадеш, земја, каде што тече мед и млеко. |
23. | Ти влегоа и ја наследија, но не го слушаа гласот Твој и не одеа по законот Твој, не вршеа што им беше заповедал Ти да прават, па заради тоа Ти го испрати врз нив сево ова зло. |
24. | Еве, насипите дојдоа до градот, за да го преземат; и од меч, глад, и од помор градот ке се предаде во рацете на Халдејците, кои се борат против него; се што рече Ти, се исполнува, и, еве, Ти го гледаш тоа. |
25. | Ти, Господи Боже, ми рече: купи си нива за сребро и повикај сведоци тогаш, кога градот се предава во рацете на Халдејците." |
26. | И би слово Господово до Јеремија: - |
27. | Еве, Јас сум Господ, Бог на секоја плот; има ли нешто, што не е можно за Мене? |
28. | Затоа, вака вели Господ: еве, Јас го предавам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тој ке го преземе, |
29. | и ке влезат Халдејците, што го опсадуваат овој град, ке го запалат градот со оган и ке го изгорат него и куките, под чии стреи се вознесувало кадење на Ваала и се извршувал прелив на ту и богови, за да Ме разгневуваат. |
30. | Оти синовите Израилеви и синовите Јудини уште од младоста своја само зло вршеа пред очите Мои; синовите Израилеви Ме разгневуваа со делата на рацете свои, вели Господ. |
31. | И како само заради Мојот гнев и заради Мојата јарост да постоеше овој град од денот на неговото основање па се до денес, за да го отфрлам од лицето Свое |
32. | за сето зло на синовите Израилеви и на синовите Јудини, кои, за да Ме разгневуваат, го правеа тие, царевите нивни, кнезовите нивни, свештениците нивни, пророците нивни, лу ето на Јуда и жителите на Ерусалим. |
33. | Па Ми го свртија грбот, место лицето и, кога ги учев, ги учев од рано утро, но тие не сакаа да прима поука, |
34. | и во домот, во кој се призима името Мое, ги поставија своите гнасни работи и го осквернија. |
35. | Во долината на Еномовите синови изградија незнабожечко светилиште на Ваала, за да ги принесуваат синовите свои и керките свои во чест на Молоха, што не сум им заповдал, и на ум не ми идело, дека тие ке ги вршат тие гнасни работи, воведувајки го Јуда во грев. |
36. | Но сега, вака вели Господ, Бог Израилев, за овој град, за кој вие велите: "Со меч, глад и помор се предава во рацете на вавилонскиот цар", |
37. | еве, Јас ке ги соберам од сите страни, во кои бев ги расеал во гневот Свој во јароста Своја и во големото негодување, па ке ги вратам на ова место и ке им дозволам да живеат безопасно. |
38. | Тие ке бидат Мој народ, и Јас ке им бидам Бог. |
39. | И ке им дадам едно срце и еден пат, за да се бојат од Мене во текот на сите дни од живото нивни, за нивно добро и за доброто на децата нивни по нив. |
40. | Па ке склучам со нив вечен завет, според кој нема да се одвратам од нив и ке им правам добрини, и ке вложам во срцата нивни страв од Мене, за да не отстапуваат од Мене. |
41. | И ке се радувам за нив, правејки им добро, и ке ги населам цврсто на оваа земја - од се срце и од сета душа. |
42. | Затоа вака вели Господ: како што го испратив ова големо зло врз оној народ, така ке испратам врз нив секакво добро што го изреков за нив. |
43. | И тие ке купуваат ниви во оваа земја, за која велат: "тоа е пустиња, без лу е, без добиток; таа е предадена во рацете на Халдејците;" |
44. | ке купуваат ниви за сребро, ке потпишуваат купопродажни книги, ке ги потепчатуваат и ке повикуваат сведоци - во земјата на Венијамина, во ерусалимската околина и во градовите на Јуда, во планинските градови, во градовите на полето и во јужните градови; бидејки ке ги вратам заробените нивни, вели Господ. |
← Jeremiah (32/52) → |