← Jeremiah (31/52) → |
1. | Во тоа време, вели Господ, Јас ке им бидам Бог на сите племиња Израилеви, а тие ке бидат Мој народ. |
2. | Така вели Господ: народот, што се спасил од меч, најде милост во пустињата; одам да го успокојам Израилот. |
3. | Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа пристапив кон тебе со милост. |
4. | Јас пак ке те кренам, и ти ке биде обновена, девојко Израилева, па ке ги земеш тимпаните свои и ке излезеш на собор со оние што играат; |
5. | пак ке садиш лоза по самариските височини; лозарите, што ке ги садат, сами и ке се користат од нив. |
6. | Оти ке дојде ден, кога стражата на планината Ефремова ке извика: "станувајте да се искачиме на Сион при нашиот Господ Бог." |
7. | Бидејки така вели Господ: пејте со радост за Јакова и воскликнувајте пред главата на народите; разгласувајте, славете и кажувајте: го избави Господ Твојот народ, остатокот од Израилот! |
8. | Еве, Јас ке ги доведам од северната земја и ке ги соберам од земните краишта, и слеп и хром, и бремена и родилка, заедно со нив - големо множество ке се врати овде. |
9. | Тие отидоа со солзи, Јас, пак, ке ги поведам со утеха; ке ги поведам покрај потоци со води, по рамен пат, по кој нема да се сопнуваат; бидејки Јас сум отец на Израилот, и Ефрем е Мојот првороден. |
10. | Чујте го, народи, словото Господово и разгласете го по островите далечни и кажете: Оној што го расеа Израилот, Он и ке го собере и ке го пази како што го прави тоа пастирот со своето стадо; |
11. | оти Господ ке го откупи Јакова и ке го избави од рацете на оној, кој беше посилен од него. |
12. | И тие ке дојдат и ке се радуваат на сионските височини, и ке се стрчаат кон добрата Господови, кон пченицата, виното и елејот, кон јагнињата и воловите; и душата нивна ке им биде како градина напоена со вода, и веке нема да се измачуваат. |
13. | Тогаш девојката ке се радува на оро, а и младите и старите заедно; и тагата нивна ке се претвори во радост, ке ги утешам и ке ги зарадувам по нивната болка. |
14. | И ке ја нахранам душата на свештениците со мрс, и Мојот народ ке се насити со Моите добра, вели Господ. |
15. | Така вели Господ: глас се слуша во Рама, пискот и горко плачење: Рахил плаче за децата свои и не сака да се утеши за нив, оти ги нема. |
16. | Така вели Господ: задржете го гласот свој од плачење и очите свои - од солзи, оти за трудот твој има награда, вели Господ, и тие ке се вартат од непријателската земја. |
17. | И надеж има за твојата иднина, вели Господ, и твоите синови ке се вратат во пределите свои. |
18. | Го слушам Ефрема како плаче: "Ти ме казни, и јас сум казнет како нескротен јунец; сврти ме - и ке се свртам, зашто ти си мој Господ Бог. |
19. | Кога се обрнав, јас се покајав; кога бев вразумен, се удирав по бедрата; станав посрамен, станав смутен, зашто го носев срамот од младоста своја." |
20. | Зар Ефрем не е Мојот драг син, не е ли тој дете сакано? Оти, штом ке почнам да зборувам за него, секогаш се секавам со љубов за него; срцето Мое се радува за него; ке се смилувам над него, вели Господ. |
21. | Постави си знаци по патиштата, постави си купишта камења, запомни го патот, по кој си врвела; вракај се, девојко Израилева, вракај се во тие твои градови. |
22. | Уште ли ке скиташ, керко отстапничка? Оти Господ ке направи нешто ново на земјата: жената ке го спаси мажот. |
23. | Така вели Господ Саваот, Бог Израилев: во иднината, кога ке ги вратам робовите нивни, тие по земјата на Јуда и во неговите градови ке го кажуваат овој збор: "Господ нека те благослови, живеалиште на правдата, света горо!" |
24. | И ке се насели во неа Јуда и сите негови градови заедно, земјоделците и они што пасат стада. |
25. | Бидејки Јас ке ја напојам изморената душа и ке ја наситам секоја малаксана душа. |
26. | Потоа се разбудив и погледнав, и сонот ми беше пријатен. |
27. | Ете, идат дни, вели Господ, кога ке посеам во домот Израилев и во домот на Јуда семе човечко и семе од добиток. |
28. | И како што внимавав за нив, кога ги искоренував и ги уништував, кога ги разрушував, погубував и повредував, така ке внимавам на нив, кога ке ги издигнувам и насадувам, вели Господ. |
29. | И тогаш, нема да велат веке: "Татковците јадеа кисело грозје, а забите на децата нивни им факаат оскомина." |
30. | Но, секој умира поради своето сопствено беззаконие; кој ке јаде кисело грозје, нему забите ке му факаат оскомина. |
31. | Еве настапуваат дни, вели Господ, и ке склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет. |
32. | Не онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од Египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ. |
33. | Но еве го заветот, што ке го склучам со домот Израилев по оние дни, вели Господ: ке го вложам Мојот закон во утробата нивна и ке го напишам во срцата нивни, па Јас ке им бидам Бог, а тие ке бидат Мој народ. |
34. | И нема повеке да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: "познајте Го Господа", оти сите тие, од мал до голем, сами ке Ме знаат, вели Господ, бидејки ке им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веке да се секавам. |
35. | Така вели Господ, Кој го определи сонцето да свети дење, и им даде наредба на месечината и на sвездите да светат ноке, кој Го бранува морето, и брановите негови да бучат; Господ Саваот е името Негово. |
36. | Ако тие наредби престанат да ги применуваат пред Мене, вели Господ, тогаш и племето Израилево ке престане да биде народ пред Мене за секогаш. |
37. | Така вели Господ: ако може да се измери небото угоре и основите на земјата да се испитаат удолу, тогаш и Јас ке го отфрлам сето племе Израилево, за се она, што го правеа, вели Господ. |
38. | Еве, доа аат дни, вели Господ, кога градот ке биде обновен за слава на Господа, од кулата на Анамеила до Аголната порта, |
39. | и мерката на земјата од ридот ке отиде уште погоре, токму до ридот Гарив и ке свие кон Гоат. |
40. | И целата долина на труповете и на пепелта, и целото поле до потокот Кедрон, до аголот на Коњската порта спрема исток, ке биде светиња Господова; нема да се разрушува и нема да се расипува довека. |
← Jeremiah (31/52) → |