← Jeremiah (30/52) → |
1. | Слово Господово што дојде до Јеремија - |
2. | вака вели Господ, Бог Израилев: запиши го во книга сите зборови, што ти ги кажав. |
3. | Оти, еве, идат дни, вели Господ, кога ке го вратам од ропство Мојот народ, Израилот и Јуда, вели Господ; и повторно ке ги доведам во земјата, која им ја дадов на татковците нивни, и тие ке ја владеат. |
4. | А еве ги зборовите, што ги изрече Господ за Израилот и за Јуда. |
5. | Вака вели Господ: глас од смут и ужас слушаме ние, а не мир. |
6. | Прашајте и размислете: ра а ли маж? А зошто гледам при секој човек рацете да му се на бедрата како при жена, кога ра а, и лицата на сите да им се бледи? |
7. | О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Јакова, но тој ке биде избавен од него. |
8. | И во оној ден, вели Господ Саваот, ке го здробам јаремот негов, што му е околу вратот, и твоите окови ке ги раскинам; па повеке нема да служи на ту инци, |
9. | туку ке Му служите на својот Господ Бог и на царот свој Давида, кого што ке им го издигнам. |
10. | И ти, слуго мој Јакове, не бој се, вели Господ, и не плаши се, Израилу, оти еве, Јас ке те избавам тебе од земјата далечна и племето твое - од земјата на ропството; па ке се врати Јаков и ке живее спокојно и мирно и нема никој да го заплашува, |
11. | оти Јас сум со тебе, вели Господ, за да те избавувам: Јас наполно ке ги истребам сите народи, ме у кои те прогонив, но тебе нема да те истребам; ке те казнам по мерка, но неказнет нема да те оставам. |
12. | Оти така вели Господ: твојата рана не е излечива, болката ти е жестока; |
13. | никој не се грижи за твоето дело, за да ти ја излекува раната твоја; за тебе лек нема; |
14. | сите пријатели твои те заборавија, не те бараат, бидејки Јас те удрив со непријателски удари, со жестока казна за многуте твои беззаконија, бидејки гревовите твои се намножија. |
15. | Зошто викаш поради раните свои, од лутина на твојата болест? За многуте твои беззаконија ти го направив тоа, оти гревовите твои се намножија. |
16. | Но сите, што те голтаат, ке бидат проголтани; и сите твои непријатели - ке појдат во ропство, и твоите опустошители ке бидат опустошени, и сите твои грабачи ке ги предадам на грабеж. |
17. | Kе ги обложам и ке ги излекувам твоите рани, вели Господ. Тебе те нарекуваа отфрлен, велејки: "еве го Сион, за кого никој не прашува." |
18. | Така вели Господ: еве, ке ги вратам заробените од шаторите на Јакова и ке се смилувам на нивните живеалишта, и градот пак ке биде изграден на својот рид, а и храмот ке биде обновен, како што си беше. |
19. | И ке се крене од нив благодарност и глас на весели лу е; и Јас ке ги размножам, и нема да се намалуваат, па ке ги прославам, и нема да бидат понизени. |
20. | И синовите негови ке бидат како порано, и собранието негово ке стои пред Мене, а ке ги казнам сите негови насилници. |
21. | И ке излезе од него водач, и владетел негов ке произлезе од него; и Јас ке го привлечам, па ке доје при Мене; оти кој е тој што сам од себе пристапува до Мене? - вели Господ. |
22. | И вие ке бидете Мој народ, а Јас ке ви бидам Бог. |
23. | Еве, виорот на јароста од Господа доа а, виор страшен; ке падне врз главите на безбожниците. |
24. | Пламениот гнев на Господа нема да отстапи, се додека не ја изврши и не ја исполни замислата на срцето Свое. Во последните дни ке го разберете тоа. |
← Jeremiah (30/52) → |