← Jeremiah (3/52) → |
1. | Велат: ако мажот ја напушти жената своја, и таа го остави и стане жена на друг маж, може ли таа да се врати при него? Нема ли со тоа да се оскверни таа земја? А ти со мнозина милосници блудствуваше, - и при сето тоа врати се при Мене, вели Господ |
2. | - Крени ги очите кон идолските светилишта и гледај каде ли не блудствувале со тебе? По патиштата седеше ти заради нив како арапин во пустиња, и ја оквернуваше земјата со твојот блуд и со твоето лукавство. |
3. | Заради тоа беа запрени дождовите и немаше доцен дожд; но ти имаше чело на блудница, - не сакаше да се засрамиш. |
4. | Нема ли да викаш отсега кон Мене: ‘Оче, Ти беше наставник на младоста моја!‘ |
5. | Зар тој секогаш ке биде во гнев, и зар вечно ке го задржува во Себеси? Ете, што зборуваш ти, а вршиш зло и во тоа не успеваш. |
6. | Господ ми рече во дните на царот Јосија: виде ли ти, што врши отстапницата, керката Израилева? Таа оди на секоја висока гора и под секое лиснато дрво, и таму блудствува. |
7. | И откако таа го вршеше сето тоа, Јас велев: ‘врати се при Мене, но таа не се врати; и го виде тоа нејзината вероломна сестра Јудеја.‘ |
8. | И видов, дека, кога заради сите прељубни дејствија на отстапницата, керката Израилева, Јас ја напуштив и и дадов разводно писмо; вероломната и сестра, Јудеја, не се исплаши, туку отиде и сама блудствуваше. |
9. | И со јавното блудно дејствување таа ја оскверни земјата, и прељуба вршеше и со камен и со дрво. |
10. | Но при сето тоа нејзината вероломна сестра Јудеја не се обрна кон Мене од се срце, туку само привидно - рече Господ. |
11. | И ми рече Господ: ‘отстапницата, керката Израилева, излезе поправа, отколку вероломната Јудеја.‘ |
12. | Оди и разгласи ги тие зборови спрема север и кажи: - врати се, отстапнице, керко Израилева - вели Господ. Јас нема да го излијам врз вас Мојот гнев; зашто Јас сум милостив, - вели Господ - нема вечно да негодувам. |
13. | Признај ја само вината своја: зашто отстапи ти од Твојот Господ Бог и се распушти со ту и под секое лиснато дрво, а Мојот глас не го слушаше, вели Господ. |
14. | Вратете се деца - отстапници, вели Господ, зашто Јас се соединив со вас, и ке земам од вас по еден од град и по двајца од племе и ке ве поведам на Сион. |
15. | И ке ви дадам по срцето Свое пастири, кои ке ве пасат со знаење и благоразумност. |
16. | И кога ке се размножите и ке станете многуплодни на земјата, тогаш, вели Господ, нема повеке да велите: ‘ковчегот на заветот Господов; тој ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ке доа аат при него, ниту пак ке го има повеке.‘ |
17. | Во тоа време Ерусалим ке го наречат престол на Господа, и сите народи заради името Господово ке се соберат во Ерусалим и нема повеке да постапуваат според упорноста на лошото си срце. |
18. | Во тие дни Јудиниот дом ке дојде при Израилевиот дом, и ке дојдат заедно од северната земја во земјата, која Јас им ја дадов во наследство на татковците ваши. |
19. | И реков Јас: ‘како да те поставам ме у синовите и да ти ја дадам многу саканата земја, најпрекрасното наследство на многуте народи?‘ И реков: ‘ти ке Ме нарекуваш твој Отец и нема да остапиш од Мене.‘ |
20. | Но, навистина, како што жена вероломна го изневерува сопругот свој, така вероломно постапивте со Мене вие, доме Израилев, вели Господ. |
21. | Нека се чуе глас по идолските светилишта, жален плач на Израилевите синови, затоа што тие го свртија својот пат, го заборавија Господа, својот Бог. |
22. | Вратете се, синови одметници: Јас ке го излекувам вашето непокорство. - Еве, ние идеме при Тебе, зашто Ти си Господ, Бог наш. |
23. | Навистина, напразно се надевавме на ридовите и на многуте гори; навистина, во нашиот Господ Бог, е Израилевото спасение! |
24. | Уште од млади години таа гадотија ги уништуваше трудовите на нашите татковци, овците и воловите нивни, синовите и керките нивни. |
25. | Ние лежиме во својот срам, а нашиот срам не покрива, зашто грешевме пред нашиот Господ Бог, - ние и татаковците наши, уште од младите години наши дури до овој ден. - И не го слушнавме гласот на Господа, нашиот Бог. |
← Jeremiah (3/52) → |