← Jeremiah (29/52) → |
1. | Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Јеремија го испрати од Ерусалим до другите старешини ме у преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Навуходоносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон, |
2. | откако беа излегле од Ерусалим царот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеа и на Ерусалим, дрводелците и ковачите, |
3. | преку Елеаса, синот Сафанов, и преку Гамарија, синот Хелкиев, кои јудејскиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Навуходоносора, |
4. | - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон - |
5. | правете куки и живејте во нив, садете градини и јадете ги плодовите нивни; |
6. | женете се и ра ајте синови и керки; и на синовите земајте им жени и керки и мажете ги, за да ра аат синови и керки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате. |
7. | Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; оти, ако му е нему добро, и вие ке имате мир. |
8. | Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: нека не ве мамат вашите пророци, кои се ме у вас и вашите бајачи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате. |
9. | Лажно во пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ. |
10. | Бидејки така вели Господ - кога во Вавилон ке исполните седумдесет години, тогаш ке ве посетам и ке го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место. |
11. | Оти само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. |
12. | Па ке повикате по Мене, ке појдете и ке Ме замолите, и Јас ке ве чујам; |
13. | ке Ме побарате, и ке Ме најдете, ако Ме побарате од се срце. |
14. | Kе Ме најдете, вели Господ, и ке ве вратам од ропство и ке ве соберам од кај сите народи и од сите мсета, каде што ве изгонив, вели Господ, и ке ве вратам онаму, од каде што ве преселив. |
15. | Вие велите: "Господ ни издигна пророци и во Вавилон." |
16. | Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браката ваши, што не се одведени со вас во ропство. |
17. | Вака вели Господ Саваот за нив - еве, ке испратам врз нив, меч, глад и помор и ке ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради негодниот вкус; |
18. | и ке ги гонам со меч, глад и помор и ке ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за потсмев и навреда ме у сите народи, каде што ке ги оттерам, |
19. | поради тоа што не ги слушаа зборовите Мои, вели Господ, што ги пракав до нив преку слугите Мои, пророците, ги пракав од рано утро, но не послушавте, вели Господ. |
20. | А вие, сите преселиен, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово: |
21. | вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за Ахава, синот на Колија, и за Седекија, синот на Масеа, кои во пророкуваат лага во Мое име: еве, Јас ке ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тој ке ги убие пред очите ваши. |
22. | И сите преселени Јудејци, кои се во Вавилон, ке се научат од нив да колнат: "Да ти направи Господ, како што им направи на Седекија и на Ахава, кои вавилонскиот цар ги изгоре на оган," |
23. | поради тоа што вршеа гнасни работи во Израилот: прељубодејствуваа со жените на ближните свои и во Мое има кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ. |
24. | И на Семаја од Елам речи му: |
25. | вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: поради тоа што во свое име пракаше писма до сиот народ во Ерусалим и до свештеникот Софонија, син Масејев, и до сите свештеници, велејки: |
26. | Господ те поставил за свештеник место свештеникот Јодај, за да бидеш ме у надзорниците во домот Господен, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш во клада. |
27. | Зошто не му забраниш на Јеремија од Анатот да пророкува кај вас? |
28. | Заради тоа и до нас во Вавилон испрати да кажат: "ропството ке трае долго - правете куки и живејте во нив, обработувајте ги градините и јадете ги плодовите нивни." |
29. | Кога свештеникој Софониј го прочите тоа писмо на глас пред пророкот Јеремиј, |
30. | тогаш би слово Господово до Јеремија: |
31. | Испрати, па кажи им на сите преселени - вака вели Господ за Семаја од Елам - бидејки Семаја пророкува кај вас, а Јас не сум го пратил, и ви кажува лажна надеж, |
32. | затоа, вака вели Господ: еве, ке го казнам Семаја од Елам и племето негово; ке нема од него човек да живее ме у овој народ и нема да го види доброто, што ке му го направам на Мојот народ, вели Господ - оти тој зборува против Господа. |
← Jeremiah (29/52) → |