← Jeremiah (28/52) → |
1. | Во истата година, во почетокот на царувањето на јудејскиот цар Седекиј, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија, синот Азуров, пророк од Гаваон, зборуваше во домот Господен пред свештениците и сиот народ, велејки: |
2. | - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: ке го скршам јаремот на вавилонскиот цар; |
3. | па две години ке ги вратам во ова место сите садови од домот Господен, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги зеде одовде и ги однесе во Вавилон. |
4. | и јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, и сите заробени Јудејци, што отидоа во Вавилон, ке ги вратам на ова место, вели Господ; бидејки ке го скршам јаремот на вавилонскиот цар. |
5. | И му рече пророкот Јеремија на пророкот Ананија пред сите свештеници и пред сиот народ, што стоеше во домот Господен, |
6. | па кажа пророкот Јеремија: нека биде така, нека го изврши тоа Господ, нека ги исполни Господ зборовите твои што ги изрече за вракањето од Вавилон, на садовите од домот Господен на ова место, и за сите заробени! |
7. | Само чуј го зборот што ке ти го кажам, чуј го ти, а нека го чуе и сиот народ; |
8. | пророрците, што беа пред мене и пред тебе, им претскажуваа на многу земји и на големи царства - војна, беда и помор. |
9. | Ако некој пророк претскажал мир, само тогаш тој бил признаван за пророк, навистина испратен од Господа, кога ке се исполни зборот на тој пророк. |
10. | Тогаш пророкот Ананија го зеде јаремот од вратот на пророкот Јеремија и го скрши. |
11. | И рече Ананија пред сиот народ: "вака вели Господ - ете, така ке го строшам јаремот на вавилонскиор цар Навуходоносора по две години, откако ке го извадам од вратот на сите народ. Тогаш си отиде Јеремија по својот пат. |
12. | И би слово Господово до Јеремија, откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Јеремија: |
13. | оди и кажи му на Ананија - вака вели Господ: ти го скиши дрвениот јарем, но место него направи железен. |
14. | Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: железен јарем ке им ставам на вратот на сите овие народи за да му работат на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тие ке му служат; дури и sверовите полски нему му ги предадов. |
15. | Па му рече пророкот Јеремија на пророкот Ананија: слушај, Ананија, Господ не те пратил, а ти лажна надеж му даваш на овој народ. |
16. | Затоа, вака вели Господ: еве, Јас ке те исфрлам од лицето на земјата; уште во текот на оваа година ке умреш, бидејки зборуваш против Господа. |
17. | И умре пророкот Ананија во таа година во седмиот месец. |
← Jeremiah (28/52) → |