← Jeremiah (27/52) → |
1. | Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоакима, син Јосиев, би слово Господово до Јеремија. |
2. | Вака ми рече Господ: направи си јажиња и јарем, па стави ги околу вратот. |
3. | И прати исто такви до идумејскиот цар, до моавскиот цар, до царот на синовите Амонови, до тирскиот цар и до царот на Сидон, по пратеници, што дошле во Ерусалим кај јудејскиот цар Седекија, |
4. | и порачај им да им кажат на господарите свои - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - кажете им го ова на вашите господари: |
5. | ја создадов земјата, човекот и животните, што се по земјината топка, со големата своја сила и со Својата крената мишка, па му ја давам на оној, кому сакам. |
6. | А, еве, сега, сите тие земји ги предавам во раката на вавилонскиот цар Навуходоносор, Мојот слуга, дури и sверовите полски му ги предава, за да му служат. |
7. | И сите народи ке му служат нему и на синот негов, и на внукот негов, се додека дојде времето на земјата негова и на него самиот, и ке му служат многу народи и големи цареви. |
8. | А, ако некој народ и некое царство не ке сака да му служи на вавилонскиот цар Навуходоносора и нема да го свитка вратот под јаремот на вавилонскиот цар, тој народ Јас ке го казнам со меч, со глад и со помор, вели Господ, додека не го истребам преку раката негова. |
9. | А вие не слушајте ги вашите пророци и башите бајачи, вашите јасновидци, вашите ма епсници и вашите вражачи, кои ви велат: "Нема да му служите на вавилонскиот цар." |
10. | Затоа што тие ви пророкуваат лага, за да ве оддалечат од земјата ваша, па Јас да ве изгонам и вие да загинете. |
11. | А оној народ, што ке го подведе вратот свој под јаремот на вавилонскиот цар и ке му служи, ке го оставам во неговата земја, вели Господ, и тој ке си ја обработува и ке живее во неа. |
12. | И на јудејскиот цар Седекија Јас му ги кажав истите зборови, велејки: наведнете го вратот под јаремот на вавилонскиот цар и служете му нему и на народот негов, па ке бидете живи. |
13. | Зошто да умреш ти и народот твој од меч, од глад и од помор, како што вели Господ за овој народ, што не сака да му служи на вавилонскиот цар? |
14. | И немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви велат: "нема да му служите на вавилонскиот цар", зашто тие ви пророкуваат лага. |
15. | Јас не сум ги пратил, вели Господ; и тие лажно пророкуваат во Мое име, за да ве изгонам и да загинете, вие и пророците ваши, кои ви пророкуваат. |
16. | Им зборував и на свештениците и на сиот овој народ - вака вели Господ: не слушајте ги зборовите на вашите пророци кои ви пророкуваат и велат: "еве, наскоро ке бидат вратени од Вавилон садовите на домот Господен", бидејки тие ви пророкуваат лага. |
17. | Не слушајте ги, туку служете му на вавилонскиот цар и живејте; зошто да го доведете овој град до запустување? |
18. | Ако се, пак, тие пророци, и ако во нив има слово Господово, нека се молат пред Господа Саваота, па садовите што станале во домот Господен, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим, и да не се однесат во Вавилон. |
19. | Оти вака вели Господ Саваот: за столбовите и за морето, и за подножјата како и за другите работи, што останаа во овој град, |
20. | а кои вавилонскиот цар Навуходоносор не ги зеде, кога го одведе во ропство јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, царот јудејски од Ерусалим и сите старешини во Вавилон, |
21. | зашто вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за садовите што останаа во домот Господен, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим: |
22. | тие ке бидат однесени во Вавилон и таму ке останат, се додека ве посетам, вели Господ, и ве изведам и ве вратам во ова место. |
← Jeremiah (27/52) → |