← Jeremiah (26/52) → |
1. | Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоаким, син Јосиев, дојде ова слово од Господа - |
2. | вака вели Господ: застани во дворот на домот Господен и кажи им на сите градови во Јудеја, кои доа аат да се поклонат во домот Господен, сите оние зброви што ке ти заповедам да им ги кажеш; ниеден збор да не пропуштиш. |
3. | Можеби, тие ке те послушаат и ке се отклонат секој од својот лош пат, па тогаш Јас ке го одменам злото, што сум намислил да им го направам за нивните лоши работи. |
4. | И речи им - вака вели Господ: ако не Ме послушате, и не одите по Мојот закон, што ви го дадов, |
5. | и не ги примате зборовите на Моите слуги, пророците, кои ги пракам при вас, а ги пракам од рано утро, и кои вие не ги слушате - |
6. | тогаш со овој дом ке го направам исто она, што со Силом, и овој град ке го предадам на проклетство на сите земни народи. |
7. | Свештениците и пророците и сиот народ го слушаа Јеремија, кога ги зборуваше овие зборови во домот Господен. |
8. | А кога Јеремија кажа се, што му беше заповедал Господ да му каже на сиот народ, тогаш свештениците и пророците и сиот народ го фатија и рекоа: "заслужуваш смрт, |
9. | оти пророкуваш во името на Господа и велиш - овој дом ке стане како Силом и овој град ке запустее и ке остане без жители?" И сиот народ се собра околу Јеремија во домот Господен. |
10. | Кога го чуја тоа кнезовите јудејски, дојдоа од царскиот дом, во домот Господен и седнаа пред влезот на новите порти на домот Господен. |
11. | Тогаш свештениците и пророците вака им рекоа на кнезовите и на сиот народ: "Овој човек заслужува смрт, затоа што пророкува против овој град; а тоа го чувте со ушите свои!" |
12. | И им рече Јеремија на сите кнезови и на сиот народ: "Господ ме прати да пророкувам против овој дом и против овој град со сите зборови, што ги чувте; |
13. | па така, исправете ги патиштата и делата ваши и послушајте го гласот на Господа, вашиот Бог, и Господ ке го одмени злото, што го изрече против вас. |
14. | А што се однесува до мене, еве, јас сум во ваши раце; правете со мене, што сметате дека е добро и право; |
15. | само знајте добро, дека, ако ме убиете, ке земете невина крв врз себе и врз овој град и врз жителите негови, оти навистина, Господ ме прати при вас да ви ги кажам на ушите ваши сите овие зборови." |
16. | Тогаш кнезовите и сиот народ им рекоа на свештениците и на пророците - овој човек не потпа а под смртна пресуда, затоа што тој ни зборува во името на Господа, нашиот Бог. |
17. | И некои од старешините месни станаа и му зборуваа на целото собрание: |
18. | "Михеј од Мораст пророкуваше во деновите на јудејскиот цар Езекија и му зборуваше на сиот јудејски народ: вака вели Господ Саваот - Сион ке биде разорен како нива, и Ерусалим ке стане куп урнатини, и гората на овој дом како шумовит рид. |
19. | Па зар го уби заради тоа јудејскиот цар Езекиј и цела Јудеја? Па зар не се уплаши тој од Господа и зар не го замоли Господа, и Господ го одмени злото, што беше го изрекол против нив; а треба ли ние сега да навлечеме такво големо зло врз душите свои? |
20. | Пророкуваше во името на Господа и некој Уриј, синот на Семаја, од Киријат - Јарим, и тој пророкуваше против овој град и против оваа земја со истите зборови, како сега Јеремиј. |
21. | Кога ги чу тие зборови, царот Јоаким и сите негови големодостојници, и сите кнезови, побара да го убијат. А кога го разбра тоа, Уриј се уплаши и побегна, па отиде во Египет. |
22. | Но царот Јоаким испрати по него лу е и во Египет: Елнатана, синот Ахборов, и неко други со него. |
23. | И го изведоа Урија од Египет, па го доведоа при царот Јоакима, и тој го уби со меч, а трупот негов го фрли кај гробиштата на обичните лу е." |
24. | Но раката на Ахикама, синот Сафанов, беше покрај Јеремија и не го даде во рацете на народот, за да биде убиен. |
← Jeremiah (26/52) → |