Jeremiah (25/52)  

1. Слово што дојде до Јеремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоакима, синот Јосиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор,
2. кои пророкот Јеремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејки:
3. од тринаесеттата година на јудејскиот цар Јосија, синот Амонов, па до денес, ете веке дваесет и три години, доа а до мене слово Господово, и јас од рано утро ви зборував, но вие не послушавте.
4. Господ ги пракаше при вас сите Свои слуги - пророците, од рано утро ги испракаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате.
5. Вам ви велеа: "отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека;
6. и не одете по други богови, за да им служите и да им се клањате, и немојте да Ме разгневувате со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло."
7. Но вие не Ме послушавте, вели Господ, и ме разгневувате со делата на рацете свои, за свое зло.
8. Затоа, така вели Господ Саваот: поради тоа што не ги послушавте зборовите Мои,
9. еве, Јас ке пратам и ке ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ке испратам до вавилонскиот цар Навуходоносор, Мојот слуга, и ке ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ке ги истребам и ке ги направам за ужас, за потсмев и за вечна пустош.
10. И ке ги прекратам во нив гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста, звукот од веденичен камен и светлината од светило.
11. И целата таа земја ке стане пустиња и ужас; и тие народи ке му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.
12. А кога ке се исполнат седумдесетте години, ке го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното бесчестие, и земајта Халдејска ке ја направам вечна пустиња.
13. И ке ги исполнам над таа земја сите Мои збовори, што ги реков против неа, се што е напишано во оваа книга, што Јеремиј пророчки го кажа против тие народи.
14. Оти и нив ке ги поробат многубројните народи и големи цареви. И Јас ке им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.
15. Зашто така ми рече Господ, Бог Израилев: земи ја од раката Моја оваа чаша со вино од јарост и напој ги од неа сите народи, при кои ке те пратам.
16. И тие нека пијат, и нека се смутат и избезумат, кога ке видат меч, што ке го пратам против нив.
17. Ја зедов чашата од раката Господова и ги напоив од неа сите народи, при кои Господ ме прати:
18. Ерусалим и градовите јудејски, и царевите негови, и кнезовите негови, за да ги опустошам и направам ужас, потсмев и проклетство, како што се гледа сега;
19. Фараонот, египетскиот цар, слугите негови, кнезовите негови и сиот народ негов;
20. сиот измешан народ, и сите цареви на земјата Уц, и сите цареви на земјата Филистејска, Аскалон и Газа, Екрон и другите делови на Азот,
21. Едом, Моав и Амоновите синови,
22. сите цареви на Тир и сите цареви на Сидон, царевите над островите, што се нао аат отаде морето,
23. Дедана, Тема, Буза и сите што ги потстрижуваат зулуфите свои,
24. сите цареви на Арабија и сите цареви на народите од разни племиња, кои живеат во пустињата,
25. сите цареви на Зимврија и сите цареви на Елам, сите цареви на Мидија,
26. сите цареви на север, што се блиски еден до друг, а и далечни, и сите земни царства што постојат на земјата, а царот на Сесах ке пие по нив.
27. Па кажи им: вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - пијте и опијте се, повракајте и паднете, и не станувајте, кога ке го видите мечот, што ке го испратам против вас.
28. Ако се откажат, пак, да пијат од чашата од раката твоја, тогаш кажи им: вака вели Господ Саваот - морате да пиете.
29. Оти, еве, на овој град, над кој се призива името Мое, почнувам да му нанесувам зло; па зар вие ке останете неказнети? Не, нема да останете неказнети; бидејки Јас повикувам меч против сите, што живеат на земјата, вели Господ Саваот.
30. Затоа пророкувај им ги сите овие зборови и кажи им: Господ ке загрми од висините и од своето свето живеалиште; ке издигне глас, ке загрми страшно против својот насад; како оние што гмечат грозје, ке извика против сите, што живеат по земјата.
31. Шумот ке се протегне од сите краишта земни, бидејки Господ им суди на сите народи: Он ке му суди на секое тело, а нечесните ке ги предаде на меч, вели Господ.
32. Така вели Господ Саваот - ете, злото ке мине од народ кон народ, и голем виор ке се подигне од краиштата земни.
33. А во оној ден ке има поразени од Господа од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ни прибрани ниту погребани, туку ке бидат како убре по земјата.
34. Плачете пастири, и офкајте, посипете се со пепел, водачи на стадото; зашто се исполнија деновите ваши, за да бидете заклани и расфрлани, па ке паднете како скапоцен сад.
35. и не ке има прибежиште за пастирите и спас - за водачите на стадото.
36. Kе се слуша пискот од пастирите и плач од водачите на стадото, бидејки Господ ке ги опустоши пасиштата нивни.
37. Јароста на гневот Господен ке ги истреби мирните трла.
38. Како лав го остави живеалиштето Свое; а земјата им стана пустиња од јароста на опустошителот и од Неговиот пламенен глев.

  Jeremiah (25/52)