← Jeremiah (22/52) → |
1. | Вака вели Господ: слези во домот на царот Јудин, и речи го таму ова слово, |
2. | па кажи: чуј го словото Господово, царе јудејски, ти, кој седиш на Давидовиот престол, ти и твоите слуги и лу ето твои, кои влегуваат низ овие порти. |
3. | Вака вели Господ: извршувајте суд и правда и спасувајте го угнетуваниот од рацете на угнетувачот и не притеснувајте го придојдениот, како ни сиракот ни вдовицата, и не проливајте невина крв на ова место. |
4. | Оти, ако го исполнувате ова слово, низ портите на овој дом ке влегуваат цареви, што ке седат место Давида на престолот негов, што ке се возат во коли и ке јаваат на коњи, тие и слугите нивни и лу ето нивни. |
5. | Ако, пак, не ги послушате овие зборови, се колнам во Себе, вели Господ дека овој дом ке запустее. |
6. | Оти, така вели Господ за домот на јудејскиот цар: ти си за Мене Галад и ливански врв; Јас ке направам од тебе пустиња, и градовите твои ке станат ненаселени; |
7. | а ке повикам против тебе истребители, секој со своето оружје - и тие ке ги исечат твоите најубави кедри и ке ги фрлат во оган. |
8. | И многу народи ке минуваат низ овој град и ке си прикажуваат еден на друг: "Зошто така постапи Господ со овој голем град?" |
9. | И ке си одговорат - "затоа, оти тие го оставија заветот на Господа, својот Бог, и се поклонија на други богови и ним им служеа." |
10. | Не плачете за умрениот и не жалете за него; туку горко плачете за оној, што оди во ропство, оти тој веке нема да се врати и нема да го види својот роден крај. |
11. | Оти вака вели Господ за Салума, синот на јудејскиот цар Јосија, кој царуваше по татка си Јосија, и кој излезе од тоа место, тој веке нема да се врати во него, |
12. | Но ке умре таму, каде што го одведоа како роб, и нема веке да ја види оваа земја. |
13. | Тешко му на оној, кој гради своја кука со неправда, и свои соби - со беззаконие, кој го присилува ближниот свој да му работи без награда и не му дава плата, |
14. | кој вели - ке си направам голема кука и широки одделенија, и кој отвора прозорци, ги обложува со кедар и ги бојадисува со црвена боја. |
15. | Мислиш ли да стенеш цар, откако си се оградил со кедар? Татко ти јадеше и пиеше, но вршеше суд и правда, па затоа му беше добро. |
16. | Тој го разгледуваше делото на беден и на сиромав, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа, дека ти Ме познаваш? - вели Господ. |
17. | Но твоите очи и твоето срце се свртени само кон корист за себеси и кон проливање невина крв, за да притеснуваш и присилуваш. |
18. | Затоа, вака вели Господ за Јоакима, синот на јудејскиот цар Јосија: нема да го оплакуваат - "о брате!" и "о сестро!", нема да го оплакуваат: "о господаре!" и "о негово величие!" |
19. | Како осел тој ке биде погребен; ке го изнесат и ке го фрлат далеку од ерусалимските порти. |
20. | Качи се на Ливан и извикај, подигни го гласот свој на Васан и викни од Аварин, зашто погубени се сите твои пријатели. |
21. | Јас ти зборував, кога ти беше добро, но ти рече: нема да послушам. Такво беше твоето поведение уште од младоста, дека ти не го слушаше гласот Мој. |
22. | Сите твои пастири ветар ке ги одвее, а пријателите твои во ропство ке отидат и тогаш ти ке бидеш посрамен и нажален за сите твои злодела. |
23. | Ти, кој живееше на Ливан и си свил гнездо во кедрите, колку ли ке офкаш, кога ке те постигнат болки, како на жена која ра а! |
24. | Жив сум Јас, вели Господ: да ми беше јудејскиот цар Јехониј, синот на Јоакома, прстен на десната рака Моја, и оттаму ке те откинам, |
25. | и ке те предадам во рацете на оние, кои ја бараат душата твоја, и во рацете на оние, од кои се плашиш, во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор и во рацете на Халдејците. |
26. | Па ке те исфрлам тебе и твојата мајка, коа те родила, во ту а земја, каде што не сте се родиле, а таму ке умрете. |
27. | А во земјата, каде што душата нивна сака да се врати, таму нема да се вратат. |
28. | "Зар тој човек, Јехониј, презрено суштество, е отфрлен и негоден сад, бидејки тој и племето негово беа фрлени во земја што не ја познавале?" |
29. | О, земој, земјо, земјо, чуј го словото Господово! |
30. | Така вели Господ, запишете го овој човек како лишен од деца, како човек со злочести дни, зашто никој од племето негово веке нема да седи на престолот Давидов и нема да владее во Јудеја. |
← Jeremiah (22/52) → |