← Jeremiah (21/52) → |
1. | Слово, кое дојде од Господа до Јеремиј, кога царот Седекија го испрати до него Пасхора, синот Молхиев, и свештеникот Софонија, син Маасиев, за да му кажат: |
2. | "Прашај Го Господа за нас, зашто вавилонскиот цар Навуходоносор војува против нас; можеби Господ ке направи со нас некое од своите чудеса, за да си отиде тој од нас!" |
3. | И им рече Јеремиј: ова кажете му го на Седекија - |
4. | вака вели Господ, Бог Израилев - еве, Јас ке ги свртам назад воените оружја, кои се во вашите раце, со кои се биете со вавилонскиот цар и против Халдејците, што ве опседнуваат наоколу, надвор од sидовите и ке ги поразам во средината на градот; |
5. | и Сам ке војувам против вас со протегната рака и со силна мишка, со гнев и со јарост и со големо негодување; |
6. | И ке поразам се, што живее во тој град - и лу ето и добитокот; од голем помор ке изумрат тие. |
7. | А потоа, вели Господ, јудејскиот цар Седекија, слугите негови, народот и сите избавени од помор во тој град, од меч и од глад ке ги предадам во рацете на Навуходоносора, царот вавилонски, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние, што ја бараат душата нивна, и тој ке ги сотре со остар меч и нема да ги поштеди, нема да ги пожали и нема да се смилостиви над нив. |
8. | Па кажи му на тој народ - вака вели Господ: еве, Јас ви предлагам пат кон живот и пат кон смрт, |
9. | оној, што ке остане во тој град, ке умре од меч, од глад и од помор, а кој ке излезе и им се предаде на Халдејците, што го опсадуваат, ке биде жив, но душата негова ке биде заробена место него; |
10. | зашто Јас го свртив лицето Свое против тој град, вели Господ, за зло, а не за добро; тој ке биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и тој ке го изгори со оган. |
11. | Зборувај и кон домот на јудејскиот цар: чујте го словото Господово - |
12. | доме Давидов, така вели Господ: судете рано изутрина и избавете го угнетуваниот од рацете на угнетувачот, за да не избувне оган од јароста Моја и да се разгори поради вашите лоши дела, што никој не ке може да го угасне. |
13. | Еве, Јас сум против тебе, ти што седиш, како на карпа во долината, вели Господ, против вас сум вие кои велите: "кој ке излезе против нас и кој може да влезе во нашите живеалишта?" |
14. | Но, Јас ке ве казнам според плодовите на делата ваши, вели Господ, и ке запалам оган во вашата гора; која ке проголта се што постои околу неа. |
← Jeremiah (21/52) → |